Левица побара Пендаровски да стави вето на законот за „Макпетрол“

Двајцата пратеници на Левица денеска поднесоа Барање до претседателот на државата, Стево Пендаровски, да го употреби своето уставно право на суспензивно вето и да не го потпишува Указот за прогласување на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“.

„Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денес поднесоа Барање до претседателот на државата, Стево Пендаровски, како еден од носителите на извршната власт, да го употреби своето уставно право на суспензивно вето, гарантирано во чл. 75, ст. 3 од Уставот на РМ (1991), и да не го потпишува Указот за прогласување на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, кој беше донесен на ден 28.12.2020 година – по скратена постапка“, известија од партијата.

Тие ги наведоа и ги објаснија причините поради кои се решиле на ваков чекор:

(1) Законот е спротивен на Амандманот XXV од Уставот на РМ, кој вели дека судската власт ја вршат судовите и дека се забранети вонредни судови – при што, во случајов, парламентот е ставен во позиција на 'преки суд' кој, по брза постапка, решава судски спор кој трае над 15 години – со закон, надвор од своите уставни надлежности, што е без преседан во досегашната државно-правна историја на Македонија, од АСНОМ до денес;

(2) Законот е привилегирачки и е спротивен на чл. 55 од Уставот на РМ, бидејќи воведува партикуларен режим на решавање стопански спорови меѓу една приватна компанија и државата, спротивно на уставно загарантираната 'еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот';

(3) Станува збор за исклучително штетен и сомнителен закон, кој е спротивен на јавниот интерес, бидејќи за стар и амортизиран гасовод, кој има номинална вредност од околу 18 милиони евра, државата ќе треба да исплати скоро 33 милиони евра – и тоа во време на економска и здравствена криза од сериозни размери.

„Поради горенаведеново, искрено се надеваме дека претседателот Пендаровски ќе ги искористи уставните ингеренции и нема да го потпише овој контроверзен Закон, за коj пратениците дебатираа цели 22 часа без прекин, на една од најдолгите маратонски пленарни седници во поновата парламентарна историја на Македонија“, стои во соопштението.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе