Левица со кривична против Велјановски

Левица поднесе кривична пријава за Александар Велјановски од ДПМНЕ за кривично дело – Несовесно работење во службата, казниво по чл. 353-в, од Кривичниот законик. Причината е тоа што насилникот Велјановски го прекрши Деловникот на Собранието и го прекрши уставното и законско право на говор на пратениците на Левица во однос на расправата за Законот за царинска управа, извести Левица.

„Ова се случи кого мнозинството поднесе измени на Законот за царинска управа, со кои се предвидува уште дополнително заменик-директорско место, коешто требаше да ги задоволи апетитите на коалицијата. Односно, покрај директорското место договорено за ДПМНЕ и заменик-директорското за ВРЕДИ, да се обезбеди уште една ваква позиција за да се задоволат апетитите на ЗНАМ.

Левица тогаш поднесе 2.673 амандмани. Согласно Деловникот, матичната комисија и Законодавно-правната комисија, пратениците имаат рок за расправа од по три дена од отворањето на расправата. Но, спротивно на Деловникот, претседателот на Законодавно-правната комисија од ДПМНЕ, Велјановски, кој воедно е и човекот кој во Собранието имаше обид физички да се пресмета со Димитар Апасиев, одлучи расправата да трае само 15 минути.

И покрај тоа што со новиот Деловник, практично е невозможно да се блокираат штетните закони од коалицијата на власт, насилникот Велјановски одлучи да го ускрати дури и правото на пратениците од опозицијата да го искажат своето мислење и образложат амандманите. Очекуваме институциите да се одважат по оваа пријава, затоа што во спротивно, ова би било поддршка за насилничкото носење на закони од власта, без никаква политичка или институционална контрола“, се наведува во соопштението на партијата Левица.

Тагови
реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Македонија

На полноќ се зголемуваат цените на горивата 

Read more

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Изгаснат пожарот на македонско-косовската граница, нема повеќе да го загадува Скопје 

Read more

В среда ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

Read more

Вести

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Читај повеќе

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимен моментот кога украински дрон удира во станбена зграда во Русија

Читај повеќе

На полноќ се зголемуваат цените на горивата 

Читај повеќе

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Читај повеќе

19-годишна девојка загина во Светиниколско, со возилото излетала од патот

Читај повеќе
  • play_arrow

Изгаснат пожарот на македонско-косовската граница, нема повеќе да го загадува Скопје 

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ФБИ сокриле клучни докази за нападите на 11 септември?

Читај повеќе

Убиен 26-годишен скопјанец, МВР со детали за случајот

Читај повеќе