Левица: Трамвај наместо БРТ на Шилегов, конечни место половични решенија

Советникот на Левица во Советот на Град Скопје, Амар Мециновиќ, го соопшти партискиот став во врска со најавената реализација на БРТ системот покренат од поранешниот градоначалник Петре Шилегов.

„Механиката која работи на струја има многу повеќе работни часови од механиката која работи на инекција на фосилни горива. При сервисирање на овој тип на превоз ќе се заштеди. Ќе се заштеди и во следните 50 години со тоа што нема да му плаќаме на султанот од Пуцко Петрол, на кој сѐ што имавме му дадовме за да ги наполниме со гориво автобусите, и ќе заштедиме неверојатни, неверојатни суми“, рече Мециновиќ на градската говорница.

Тој не се согласува дека БРТ ќе го реши метежот, бидејќи не е урбано решение, ниту еколошко. Од Левица за Скопје сакаат конечно решение, а не половично.

„Главниот град има големо население и соодветно на времето во кое се наоѓаме и приликите во градот треба да реагираме. Градската администрација искористи некои епитети за опишување на БРТ со кои не се согласуваме. Еден од нив е дека БРТ е урбано решение - далеку од тоа, туку само ќе се вклопи во колажот на урбанистички хаос кој го предизвикуваме во Град Скопје. Рековте соодветен. Не е соодветен, не е оптимален, тој е недоволен и не ги решава проблемите. Рековте ќе го реши загадувањето. Нема да го реши, секако дека ќе придонесе во позитивна насока, но не се оди доволно и не може да му се даваат вакви епитети. И на крај рековте дека ќе го среди метежот во градот како клучно прашање за нас, но повторно не се оди доволно длабоко во проблемот“.

„Сега ќе аргументирам широко, бидејќи овој проект кој ние денеска го гласаме, потекнува од претходниот мандат, во кој ние не учествувавме како партија. На основа на тоа, јас ќе си дадам за право да ги коментирам конкретно работите околу БРТ, затоа што пред нас се испорачува одлука која е од капитално значење. Како народни претставници, треба да ги разгледаме сите аспекти кои ќе одговорат на некои прашања“, рече тој, по што почна да објасанува зошто БРТ не е добро решение.

„Во Скопје гледаме како низ децениите се уништува сѐ токму заради краткорочни решенија кои не конципираат долгорочни последици и како да се справуваме со долгорочните феномени кои се случуваат. При урбанистичкото планирање и инфраструктурата на сообраќајот во Скопје како еден модерен главен град со сѐ поголема концентрација, треба да се соочиме со предизвици од социјален карактер, но и од еколошки карактер. Првично, во моменталниот јавен градски превоз веќе долго време е потребна ревизија на автобуските линии кои ги имаме. Сегашните автобуски линии потекнуваат од 90-тите и порано, кога, едноставно, демографијата и концентрираноста, како и урбанистичката распределба во градот биле во една друга констелација. При потполна ревизија треба да се размислува како да се направат едни долги линии на оската исток-запад, по долгата оска на градот, и кратки линии на оската север-југ. 
Нашите четири советници ќе пробаат да аргументираат во дослух со претставници од стручната фела и аргументите кои се артикулираат помеѓу нив. Би сакале да посочиме кон една реалност која се игнорира во градот. Ние веќе има железничка инфраструктура која се игнорира многу долго време. Некогаш во Скопје таа железничка инфраструктура се користела за превезување на граѓаните, но, во еден момент била исклучена. Во тој момент автобусите имало логика да го преземат приматот над сообраќајот. Во овој момент речиси сите главни градови во Европа имаат надземен железнички превоз“.

„Тоа се логични решенија кои се веќе присутни. Ние имаме ваква инфраструктура и би сакал да посочам на која оска се наоѓа таа инфраструктура. Значи тоа е Драчево, Кисела Вода, Аеродром, главната железничка станица, па накај Скопје Север, каде што имаме многу голем проблем со Бутел, Радишани, Скопје Север, Чаир и Шуто Оризари кои имаат само едно грло за комуникација со остатокот на градот, тоа грло е Чаирчанка. Со алтернативни превози, со железнички превоз, кој може да биде алтернатива на метрото кое не можеме и изгледа никогаш нема да можеме да го направиме, се нудат решенија. Како советнички состав да преземеме на нас една историска одговорност, а тоа е да размислиме за пошироко санирање на сообраќајот во Скопје“.

„Можеме дури и да размислуваме да се отвори јавно претпријатие кое ќе стопанисува со железничкиот превоз во Скопје и да се вратат шинобусите. Кога веќе на оваа долга оска сакате да го спроведете БРТ, и планирате да го уништите зеленилото на булеварите 'Партизанска' и 'Јане Сандански', иако првично многу поскапо би била таа реализација, но во следните 50 години би ни заштедила многу - да размислуваме за воведување на ТРАМВАЈСКИ превоз, а не вакви половични решенија. За метежот, во шпицот може да се накачат шест коли и да се однесат две илјаду луѓе на една оска и после навечер во 10 часот само со два вагона да излезе на терен. Никогаш нема да биде истиот капацитет на БРТ и воведување на трамвајски превоз кога веќе правиме ваков голем чекор. А да не зборуваме за тоа што вие го давате како аргумент како градска администрација за загадувањето. На овој начин се решава загадувањето, драги мои. Со тоа што ќе дозволите илјадници граѓани да се возат со сосема зелен превоз“, заврши Мециновиќ.

реклама

„Златна крвна група“ – ја имаат помалку од 50 луѓе во светот

Read more

4 намирници што го зајакнуваат имунитетот можат да го продолжат животот

Read more

Подгответе се за пролет: 5 парчиња што мора да ги имате во вашата гардероба

Read more

Излезе трејлер за филмот со жешката секс сцена на Елизабет Харли во режија на син ѝ

Read more

Македонија

Денеска без струја дел од Центар и Горно Нерези

Read more

Без вода делови од Општина Карпош

Read more

Времето претежно облачно со врнежи од дожд

Read more

ДНК: Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Дојава за бомба на белградскиот аеродром Никола Тесла

Читај повеќе

Денеска без струја дел од Центар и Горно Нерези

Читај повеќе

Без вода делови од Општина Карпош

Читај повеќе

Времето претежно облачно со врнежи од дожд

Читај повеќе

ДНК: Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му

Читај повеќе

Малолетник од Скопје се обидел да убие друг малолетник на паркинг во Чаир

Читај повеќе

Собранието го донесе Законот за спорт

Читај повеќе

Ердоган им нуди на Русија и Украина мировни преговори во Турција

Читај повеќе

„Клинци“ со „Култура Бета“ по вторпат во Europe House Skopje

Читај повеќе