Лидерите на ЕУ поделени околу можниот состанок меѓу Унијата и Путин

Премиерите на земјите членки на ЕУ се поделени околу тоа дали да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, предлог што вчера го изнесоа Германија и Франција, во пресрет на самитот на Унијата во Брисел, пишува DPA.

Прeдводејќи ги разговорите со нејзините 26 колеги, германската канцеларка Ангела Меркел кажа дека ЕУ треба да најде начини за влегување во директен дијалог со Русија, тврдејќи дека „конфликтите најдобро можат да се решат доколку меѓусебно се разговара“.

Другите земји, меѓутоа, се скептични кон пристапот и повикаа на внимателност.

-Ние не гледаме никаква радикална промена во моделот на однесување на Русија, изјави литванскиот претседател Гитанас Науседа.

„Ако без никакви позитивни промени во однесувањето на Русија, почнеме да се ангажираме, тоа ќе испрати многу несигурни и лоши сигнали до нашите партнери, на пример, земјите од Источно партнерство“, кажа Науседа.

DPA пренесе дека холандскиот премиер Марк Руте изјави дека иако во принцип не е против директен ангажман со Русија, тој нема да присуствува на таков состанок.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе