Норвешкиот ски-скокач Мариус Линдвик заврши со најдобар резултат на квалификациите на скокалницата во Инсбрук каде утре следува финалето.
Младиот 21-годишен Норвежанец кој пред два дена триумфираше во Гармиш-Партенкирхен скокна 131,5 метри забележувајќи втор најдолг скок, но доби доволно бодови (138,9) од судиите за да заврши прв.
Втор беше Австриецот Штефан Крафт кој со 132,5 метри имаше најдолг скок, но послаби оценки (136,8). Трет беше неговиот сонародник Филип Ашенвалд со 131 метар.
Најдобри 10 во квалификациите:
1. Мариус Линдвик (Норвешка) 131,5 м | 138,9 б
2. Штефан Крафт (Австрија) 132,5 м | 136,8 б
3. Филип Ашенвалд (Австрија) 131 м | 134,9 б
4. Карл Гајгер (Германија) 131,5 м | 134,9 б
5. Јоју Кобајаши (Јапонија) 130 м | 134 б
6. Давид Кубацки (Полска) 127 м | 133,9 б
7. Џунширо Кобајаши (Јапонија) 127 м | 129,5 б
7. Тими Зајц (Словенија) 126 м | 129,5 б
9. Пјотр Жиуа (Полска) 131 м | 129,3 б
10. Штефан Лејхе (Германија) 127 м | 128,2 б
Финалето на третата скокалница е утре од 14 часот. Потоа останува уште скокалницата во Бишофсхофен.