ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Ливерпул и Челси влегуваат во борба за Де Лихт

Потпишувањето на нов договор не ја гарантира иднината на Матајс де Лихт во Јувентус бидејќи двата премиерлигаша се сѐ посериозни во намерата да го преселат холандскиот дефанзивец на Островот.

Нов договор е веќе спремен и доставен до 22-годишниот Холанѓанец, кој ќе му донесе нови две години во Торино, но со истата плата која и во моментов ја заработува. Јувентус не сака да го оптоварува буџетот, но прашање е дали Де Лихт ќе со согласи на договор кој не му носи никакво покачување, а во време кога има интерес и од поконкурентни и побогати клубови.

Како што пренесува Calciomercato, дури и доколку Де Лихт стави потпис на новиот договор тоа нема да биде гаранција за негово останување во бело-црниот дрес. Тоа е затоа што Ливерпул и Челси се прилично загреани за него и веќе вршат притисок врз управата на „Старата дама“.

Де Лихт нема јавно обелоденето било какво незадоволство од играњето во Торино и не бара да си оди. Но, тоа лесно може да се случи во зависност од сериозноста на интересот кој доаѓа од Премиер лигата.

Сезонава Де Лихт одигра 30 натпревари во Серија А и постигна 3 гола со 1 асистенција. Одигра и 7 натпревари во Лигата на шампионите и 4 во Копа Италија.

Во Јуве дојде летото 2019 од редовите на Ајакс кога „Старата дама“ искешира дури 85,5 милиони евра за тогаш 19-годишното чудо од дефанзивец.

Моменталната вредност на Де Лихт се проценува на 75 милиони, но во сегашниот договор има клаузула според која секој што сака да го откупи мора да исплати 125 милиони евра. Тоа е втората причина поради која Јуве сака тој да потпише нов договор, за да се постави нова, пониска клаузула.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе