УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Ливерпул убедлив кај Бенфика, Сити со минимална предност над Атлетико

Синоќа се одиграа првите четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите во кои Ливерпул веднаш направи голем исчекор кон полуфиналето, додека Манчестер Сити го победи Атлетико, но со резултат кој не гарантира ништо.

Бенфика - Ливерпул 1:3
49' Дравин Нуњес - 17' Ибрахима Конате, 34' Садио Мане, 87' Луис Диас

„Црвените“, кои синоќа играа во резервните жолти дресови бидејќи и домашната Бенфика е црвена, веќе во 17. минута поведоа кога Ендрју Робертсон изведе корнер, а Ибрахима Конате со прецизен удар со глава ја затресе домашната мрежа. Тоа беше негов прв гол во дресот на Ливерпул.

Само шест минути подоцна Бенфика можеше да израмни, но топката профуче покрај стативата по ударот на Евертон. Луис Дијас возврати на другата страна, а Одисеас Влаходимос беше претпазлив на домашниот гол. Сепак, десет минути подоцна не беше спасен. Луис Дијас овојпат асистираше со глава, а на Садио Мане не му беше тешко да ја смести топката во празната мрежа и да го удвои водството на Ливерпул.

Ливерпул до крајот на првото полувреме уште во два наврата можеше да ја затресе мрежата на домаќините. Најпрво Луис Дијас од добра позиција шутираше крај голот, а потоа одлично реагираше голманот и го запре обидот на Мохамед Салах. Останаа 0:2.
Само четири минути во во вториот дел беа доволни за Бенфика да се врати во игра. Конате овојпат згреши бидејќи ја промаши топката, а одличниот Нуњез продолжи да игра фантастично оваа сезона и постигна гол за намалување на водството.

Во продолжението од натпреварот Бенфика имаше поопасни шанси. Алисон на половина час пред крајот одлично го одбрани ударот на Евертон, а 7 минути подоцна Дравин Нуњес падна по еден дуел во шеснаесетникот, но судијата само мавташе по приговорите на играчите. Луис Дијас имаше уште една шанса на 8 минути пред крајот, но неговиот удар отиде покрај голот. Сепак, наградата за одличната вечер го стигна Луис Дијас во 88. минута кога постигна убав гол за конечни 1:3.

Манчестер Сити - Атлетико 1:0
70' Кевин Де Брујне

Сити, кој важи и за прв фаворит на преостанатиот дел од натпреварувањето во Лигата на шампионите, со императив победа ги пречека секогаш непријатните „Јорганџии“.

Од првата минута гостите од Мадрид по наредба на Диего Симеоне застанаа зад топката и се бранеа со сите 11 играчи. Се чинеше дека тоа по којзнае кој пат ќе им донесе резултати.

Во првото полувреме мадриѓаните целосно ги неутрализираа нападите на „Граѓаните“. Се издвојува обидот на Кевин Де Брујне кој беше блокиран. Домашните фудбалери на двапати бараа пенал во првиот дел, но Иштван Ковач не покажа на белата точка по падовите на Бернарду Силва и Де Брујне. Се замина на одмор без голови.

Во 56. минута Сити беше блиску до водство. Де Брујне шутираше добро од слободен удар, но Јан Облак одбрани. Со глава се обиде Ајмерик Лапорт во 64 минута, но над голот.

Фил Фоден, кој штотуку беше влегол во игра, фантастично го проигра Де Брујне, а одличниот Белгиец рутински го совлада Облак за водство на Сити. Тогаш на Пеп Гуардиола му падна камен од срце.

Де Брујне одигра одличен натпревар и можеше да ја удвои предноста на својот тим. Во 81. минута упати удар по еден одличен продор на Фоден, но Стефан Савиќ блокираше не дозволувајќи топката да дојде до мрежата.

Реваншите се закажани за наредната среда во Ливерпул и Мадрид, додека вечерва од 21:00 се среќаваат Челси - Реал Мадрид и Виљареал - Баерн.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе