Лоши навики поради кои сте во долгови и не успевате да заштедите пари

Не мора да ве убедуваме дека штедењето е добра навика, иако најчесто првиот изговор на повеќето луѓе е дека немаат што да заштедат, дека е криза, дека одвај врзуваат крај со крај...

Во турбулентни времиња не е лошо да имате заштеда на која ќе може да се потпрете кога ќе дојде „нож до коска“, а најдоброто време да почнете да штедите беше вчера. Следното најдобро време да почнете со штедење е денеска.

Вашата прва цел во оваа насока нека биде подобрување на вашите финансиски навики. Кога станува збор за штедење, ова е најчестата грешка што ја прават речиси сите. Повеќето луѓе трошат дел од платата, плаќаат сметки, па го трошат она што им останува до крајот на месецот или евентуално заштедуваат нешто на страна, без долгорочен план или некаква конкретна намена на заштедата.

Финансиските експерти велат дека прво треба да тргнете на страна пари за остварување на вашите финансиски цели (целно штедење), па да платите сметки, а потоа да го трошите тоа што ќе ви остане. Не е лесно да се направи рационално и функционално распределување на парите, особено ако не се многу, но мислете на тоа дека може да следат и полоши денови, односно кога би немале прилив на пари.

За почеток, имајте заштеда што ќе ви биде за „црни денови“ – ако останете без работа, во случај на болест или смрт во семејството, кражба или елементарна непогода.

Лошото управување со парите всушност се должи на акумулирани лоши навики поврзани со вашите финансии. Не сте единствените, но можете да бидете од оние луѓе кои сфаќаат каде грешат и преземаат нешто во врска со тоа.

Многу луѓе се помируваат со фактот дека се во долгови или не водат сметка за тоа колку заработуват, а колку трошат. Ова се само дел од лошите навики поради кои не можете да излезете од долгови или не сте почнале да штедите.

Во продолжение слушнете ги советите на Сореле Аморе, консултантка за финансии од Австралија која стана самосоздадена милионерка на 30 години.

Remote video URL
Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе