Ливерпул и Валенсија се блиску до договор околу трансферот на голманот Гиорги Мамардашвили.
Англиските медиуми тврдат дека фиксниот дел од обештетувањето е нешто повеќе од 30 милиони евра, а целата операција со бонусите може да достигне до 40 милиони евра.
Грузиецот откако ќе го реализира трансферот ќе биде испратен на позајмица. Новост е што Ливерпул нема да го испрати на позајмица во Премиер лигата, каде најголем интерес пројави Борнмут, туку ќе го остави 23-годишниот голман во Валенсија.
Ова се лоши вести за македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, кој летово како слободен играч пристигна на „Местаља“. Димитриевски дојде во Валенсија со цел дека ќе биде прв голман, знаејќи дека клубот работи на продажбата на Мамардашвили.
Доколку грузискиот репрезентативец остане во Валенсија, јасно е дека тој ќе биде прв голман. Мамадаршвили бранеше во саботата, во првото коло против Барселона.
Можно е Димитиревски да го напушти клубот. Шпанците тврдат дека тој има клаузула во договорот, според која може да го напушти клубот до крајот на преодниот рок доколку не биде прв голман.