Љубов без граници: Животот на интернационална двојка низ искрени илустрации
Милија е фармацевтка од Индонезија, а нејзиниот сопруг Матео е талентиран илустратор од Италија. Се венчале пред неколку месеци на Бали, а медениот месец решиле да го поминат во Италија каде ги затекнала пандемијата и се нашле затворени дома поради карантинот.
Низ серија интимни, искрени и комични илустрации тие раскажуваат каков е животот на една интернационална двојка – секој со своите традиции, навики и интереси.