ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Луди шпекулации од Чизмата: Нејмар во Јунајтед, Роналдо во Рома

Клучот за остварување на желбата на Жозе Мурињо, Кристијано Роналдо летово да дојде во Рома, според италијанските медиуми зависи од преселбата на Нејмар во Манчестер Јунајтед.

Кристијано Роналдо неодамна јавно го искажа своето незадоволство од недостигот на амбиции во клубот од „Олд Трафорд“ и најави дека ќе си замине уште летово доколку управата драстично не ги промени работите на тој план. Бидејќи тоа тешко дека ќе се случи, многу извесно е заминувањето на Португалецот по само една сезона во Манчестер.

За услугите на Роналдо интерес веќе искажаа Баерн и Спортинг, но засега нема ништо конкретно. Не е тајна дека Жозе Мурињо има желба да го види Роналдо во неговата Рома, желба која за многумина познавачи на фудбалскиот трансфер пазар е нереална. Но, La Gazzetta dello Sport и Sky Sport Italia излегоа со тврдење дека Роналдо воопшто не бил импресиониран од новиот тренер на „Црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, па неговиот агент Жорже Мендеш веќе стапил во контакт со Рома.

На оваа навидум луда шпекулација се надврзува тврдењето на француски RMC Sport кој пишува дека заминувањето на Нејмар од ПСЖ може да предизвика домино ефект. Манчестер Јунајтед со потпишувањето на Нејмар би го решил проблемот во нападот, особено по губењето на битката со Ливерпул за Дарвин Нуњес. А, скапа ѕвезда како Нејмар значи дека друга скапа ѕвезда треба да си оди - Роналдо. Огромната плата која Нејмар ја добива во ПСЖ не секој може да си ја дозволи, а од сите заинтересирани тоа можат да го направат само Јунајтед и Челси.

Во случај Нејмар да дојде на „Олд Трафорд“, тоа ќе значи зелено светло за заминување на Роналдо. Така, управата на „Ѓаволите“ ќе може и да го оправда пуштањето на Ронадо пред навивачите. Можеби италијанските медиуми ја фаворизираат Рома, и разбирливо бидејќи Роналдо таму би работел со Мурињо, но Рома не игра во Лигата на шампионите, а тоа е една од неколкуте причини зошто Роналдо сака да си оди во Јунајтед.

Роналдо во Рома звучи и тоа како нерелано, но каде има чад има и оган, па останува да видиме што разрешница ќе донесе овој летен трансфер период, кој официјално уште не е ни започнат. Дали Роналдо ќе се одлучи да ја прекине традицијата на играње во Лигата на шампионите и да остане во Јунајтед или да замине во Рома, или пак ќе се реши за некој од клубовите кои веќе обезбедија место во фазата по групи од европската елита, како Баерн и Спортинг, останува да видиме.

реклама

Фудбал

Работнички гневен на лошото судење против Академија Пандев

Read more

Тен Хаг ги казни фудбалерите на Манчестер Јунајтед

Read more

Конте до Тухел: Требаше да те сопнам, ќе беше заслужено

Read more

За првата победа Мурињо частел 60 пици

Read more
 

Спорт

Работнички гневен на лошото судење против Академија Пандев

Читај повеќе

Тен Хаг ги казни фудбалерите на Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Ивановски не го заврши маратонот, златото на градите на Рингер

Читај повеќе
  • play_arrow

Конте до Тухел: Требаше да те сопнам, ќе беше заслужено

Читај повеќе
  • play_arrow

За првата победа Мурињо частел 60 пици

Читај повеќе
  • play_arrow

Халеп победничка на турнирот во Торонто

Читај повеќе

Чави: Левандовски ќе почне да дава голови, само е прашање на време

Читај повеќе

Војдан Стојановски уште две сезони во МЗТ

Читај повеќе
  • play_arrow

За неколку седунди 8 болиди се забија во ограда

Читај повеќе