Лукаревска: Покажавме одговорност, ги вративме слободата и европскиот пат

На 15 јули излезете и гласајте, не дозволувајте друг да го прави изборот за вашата иднина, вие одлучувате, заокружете три за да одиме напред. Покажавме одговорност, ја вративме слободата. Градиме држава на цврсти темели, не на стиропор, градиме европска држава, не изолација, градиме општество еднакво за сите, не национализми и поделби. Гласајте за да им ставиме крај на лагите и на црните сценарија на режимот, гласајте за сигурност, порача носителката на листа на коалицијата „Можеме“ во ИЕ2 Сања Лукаревска во општина Гази Баба.

Таа нагласи дека продолжуваат со развојна економија, поддршка на домашните и странските компании со 600 милиони евра, од кои 300 милиони од буџетот и 300 милиони од европските фондови.

– Најавуваме една милијарда евра странски инвестиции за следните четири години, базирани на иновации и одржливост. Невработеноста ќе ја намалуваме за три отсто годишно, до едноцифрена стапка на крајот на мандатот. Обезбедуваме конкретни развојни мерки, грижа за секого. Парите ги враќаме кај граѓаните, ги зголемивме и платите и пензиите. Обезбедуваме раст на просечната и на минималната плата и во наредниот мандат. Со конкретни мерки ги помагаме компаниите и ги штитиме работните места на граѓаните. Инвестираме во младите да се развиваат и да се реализираат овде, дома, рече Лукаревска.

Таа нагласи дека го афирмираат и го реализираат концептот за родова рамноправност 50/50.

– На кандидатските листи на СДСМ и на коалицијата МОЖЕМЕ подеднакво се застапени и жените и мажите, обезбедуваме родов баланс и во извршната власт, на 40 проценти од функциите ќе бидат жени. Градиме едно општество за сите. За нас разликите се заедништво. На 15. во среда, излезете и гласајте да продолжиме по европскиот пат, да обезбедиме уште подобар стандард, правда за сите. Влада на ВМРО ДПМНЕ е Влада на опасност, гласајте за Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата „Можеме“, гласајте за добри политики, гласајте за сигурност, рече Лукаревска. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Read more

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Read more

Врнежливо време со температури до 17°C

Read more

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more
 

Вести

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе