Лукашенко до западните земји: Решете си ги прво вашите проблеми

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека е убеден дека Западот ги финансира уличните протести и нереди во земјата.

На седницата на белорускиот Совет за безбедност тој ги повика лидерите на западните земји кои денеска имаат вонреден состанок за ситуацијата во Белорусија, да си ги решат прво проблемите во своите земји.

„Би сакал да ги посоветувам: пред да го вперат прстот во нас, треба на агендата на своите состаноци да ги стават прашањата за Жолтите елеци во Франција и за ужасните нереди во САД. Сакам прво да ги разгледаат протестите против мерките за изолација поради коронавирусот во Германија и други европски земји“, рече Лукашенко.

Претседателот денеска исто така издаде наредба Министерството за внатрешни работи да стави крај на немирите во Минск што избувнаа по претседателските избори одржани на 9 август.

Според белоруската новинска агенција БЕЛТА, Лукашенко истакнал дека на медиумските работници од државните медиуми кои избраа да се приклучат на протестите не треба да им се дозволи да се вратат на работа.

Исто така, Лукашенко нареди зајакнување на безбедноста на границата со цел да се спречи влез на „борци и оружје“ во земјата.

Вонреден самит на ЕУ

Вонредниот самит на Европската Унија за кризата во Белорусија почна денеска напладне. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, свика итна видеоконференциска средба на лидерите на Европската Унија за Белорусија, каде протестите траат веќе 11 дена од реизборот на претседателот Александар Лукашенко.

На самитот ќе се разговара за продолжување на санкциите против белоруските функционери, откако во петокот беше одобрено санкционирање по спорните претседателски избори.

Европските лидери вчера го повикаа рускиот претседател Владимир Путин да изврши притисок врз Лукашенко, кому му е клучен сојузник, да влезе во дијалог со опозицијата. Во одделни телефонски разговори со Путин ова го побараа францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

На изборите на 9 август Лукашенко беше избран за претседател на Белорусија по шести пат, освојувајќи, како што покажуваат официјалните резултати, 80 проценти од гласовите, а кандидатката за опозиција Светлана Тихановска 10 проценти.

Веднаш по објавувањето на првите изборни резултати, започнаа масовни демонстрации низ целата земја, во кои граѓаните бараат заминување на Лукашенко, кој со земјата владее веќе 26 години.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Read more
 

Вести

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе