Лукашенко прогласен за персона нон-грата во ЕУ, европарламентарците го осудија насилството во Белорусија

Водечките политички партии на Европскиот парламент во заедничка изјава го прогласија претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, за персона нон-грата во ЕУ и повикаа на нови, „слободни“ избори во оваа земја.

Изјавата ја потпишаа Европската народна партија, Обновена Европа, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите и Зелената фракција, јавија агенциите од Брисел.

„Претседателските избори во Белорусија на 9 август не беа ниту слободни, ниту фер. Доверливите извештаи ја докажуваат победата на Светлана Тихановскаја. Затоа не го признаваме Алјаксандр Лукашенко за избран претседател и го сметаме за персона нон-грата во Европската Унија. Му се придружуваме на белорускиот народ во неговото барање за нови и слободни избори“, се наведува во заедничката изјава на европарламентарците.

Партиите на Европскиот парламент ја поддржаа одлуката на Министерството за надворешни работи на ЕУ за поединечни дополнителни санкции против Белорусија и повикаа тие да бидат воведени во најкраток можен рок.

„Ја поздравуваме одлуката на министрите за надворешни работи на ЕУ за „црната листа “ за сите функционери кои се одговорни за насилството и местењето на претседателските избори. Бараме списокот да биде изготвен што е можно поскоро за на лицата кои ги извршиле овие злосторства да им се забрани влезот во ЕУ и да им се блокираат средствата“, се додава во соопштението.

Пратениците на ЕУ, исто така, ја повикаа Русија да се воздржи од мешање во ситуацијата во Белорусија.

Европарламентарците, исто така, ја осудија употребата на сила против мирните демонстранти и повикаа на итна и транспарентна истрага за сите случаи на насилство врз граѓаните.

„Бараме итно идентификување на сите уапсени пред и по изборната кампања“, се наведува во соопштението.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Читај повеќе

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе