Мадона ги налути Италијанците: Ќе слави роденден во Помпеја

Макфакс/Кајгана
/ 13.08.2024 / 15:19

Американската пејачка Мадона ќе го прослави својот 66. роденден на 16 август, а според извештаите на Mirror, прославата ќе се одржи во древните урнатини на Помпеја. Наводно на забавата ќе има 500 гости, а сите ќе се забавуваат во амфитеатарот „Театро Гранде“. Иако настанот сѐ уште не е официјално потврден, градоначалникот на Помпеја изјавил дека се подготвени да ја пречекаат пејачката.

Иако градоначалникот Кармине Ло Сапио изрази ентузијазам за одлуката на Мадона да го прослави роденденот во Помпеја, многу Италијанци не се воодушевени. Остро го критикуваат изборот на локацијата и информацијата дека наводно потрошила само 30.000 евра за резервација.

„30.000 евра се апсурдни. Тоа е како да ја добиеш Помпеја на подарок“, рече Микеле Кампизи, генерален секретар на здружението за зачувување на наследството, Italia Nostra. Додаде дека не му е јасно зошто Мадона треба да го слави роденденот во Помпеја наместо на некоја убава плажа.

Розана Кариери, претседател на културното здружение Mi Riconsci, додаде дека италијанското наследство не треба да се користи како сценска заднина за ексклузивни настани.

Раководството на археолошкиот парк демантираше дека пејачката, која веќе е во Италија, може да го прослави роденденот во „Театро Гранде“.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Read more

Музика

Мадона позираше со 38 години помладиот нов дечко

Read more

Лејди Гага го турна рекордот на Мадона со историски концерт на Копакабана

Read more

Горан Бреговиќ заврши на црна листа поради поддршката за Русија

Read more

Кристина Агилера, ти ли си?

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Кои серии достапни на стриминг платформите треба да ги гледате сега?

Читај повеќе

Добив втора шанса за живот: Се огласи повредениот гитарист на ДНК

Читај повеќе
  • play_arrow

Фановите се одушевени од трејлерот за новиот Superman

Читај повеќе

„Домаќинката“ Меган Маркл

Читај повеќе

Фановите на The Office незадоволни од претстојниот спиноф: Ужасна идеја

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за долгоочекуваната суперхеројска серија со Николас Кејџ

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кевин Спејси ја доби првата голема улога по скандалот

Читај повеќе