Мафијата и руското влијание се виновни за сè, се правда Петков по падот на владата

Откако бугарскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на оваа земја, премиерот во заминување Кирил Петков се обрати до јавноста и ја критикуваше и работата на опозицијата и делувањето на одредени коалициски партнери.

Кога беше објавена одлуката за падот на бугарската влада, Петков си го отвори срцето и им призна на медиумите во оваа земја дека негова најголема политичка грешка е што се согласил да соработува со одредени бугарски партии кои ги ставаат сопствените интереси пред државните.

„Бојко Борисов (поранешен премиер и лидер на опозицијата оп.а.) ѝ нареди на целата ГЕРБ да гласа за падот на владата. Тие беа како овци. Не ги ни праша што мислат за тоа. Овие 59 луѓе зависеа од еден кој не ни беше во Парламентот. Кога станува збор за партијата „Има таков народ“, тие зависат од човек кој ѝ се обраќа на јавноста од темнината на својата соба, ќелав и зборува како икона на злото (Слави Трифонов). Ниту еден од луѓето во оваа партија не е слободен да одлучува сам“, рече Петков.

Тој нагласи дека неговата влада започна голема борба против корупцијата што многумина ја идентификуваа како закана.

„Во овие шест месеци сакавме да се бориме против моделот на корупција изразен преку партии како што се ГЕРБ и Има таков народ, и да ги браниме бугарските, а не странските интереси. Мислам дека руското влијание навлезе овде“, рече премиерот на Бугарија.

Сепак, тој посочува дека власта направи неколку грешки во својот мандат.

„Една од нив беше што работевме од утро до вечер, а не комунициравме сè што правевме. Од друга страна, имаше постојана реторика која на бугарскиот народ му даваше чувство дека не работиме добро. Меѓутоа, има една работа во која не погрешивме - во ниту една одлука не отстапивме од принципите и ветувањата што ги дадовме“, рече Петков.

После тоа директно ги прозва лидерите на партијата ГЕРБ и Има таков народ, Бојко Борисов и Слави Трифонов.

„Кога станува збор за Трифонов, тој е историја. Тој никогаш повеќе нема да има можност да направи политички проект, а да лаже толку многу луѓе. Луѓето видоа како неговите зборови се претворија во лаги, и тој едноставно исчезна. Збогум“, рече тој.

Петков имаше порака и за поранешниот премиер Борисов.

„Гревовите што сте ги направиле со текот на времето и кражбите што сте ги направиле ќе ве стигнат. Ако денес се чувствувате поудобно поради падот на владата, тоа е привремено чувство. Она што го видов е дека ниту една партија не е подготвена да преговара со вас. Нема да биде фактор“, посочува премиерот на Бугарија.

Парламентот на Бугарија вчера на седница гласаше за недоверба на владата на оваа земја, а за оваа одлука гласаа 123 пратеници од вкупно 239 во бугарскиот парламент.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе