Најубавите железнички мостови во светот: Меѓу инженерските чуда е и мостот од Хари Потер

Овие неверојатни инженерски подвизи им овозможуваат на возовите да ги освојат најстрмните долини и да ги преминат најдлабоките реки.

Спектакуларните железнички мостови отсекогаш биле фасцинантни примери на инженерска генијалност, но денес тие се многу повеќе од тоа. Тие не се само импресивни структури што им овозможуваат на возовите да минуваат низ долини и реки - тие станаа симболи на градовите и регионите, обележја што привлекуваат посетители и сведоци на еволуцијата на градежништвото.

Ништо не може да се спореди со чувството на воз што минува над моќни лакови и столбови, со прекрасни пејзажи што се протегаат под вас. Овие мостови не се само дел од железничката инфраструктура - тие се приказни раскажани преку челик, камен и бетон, приказни за иновации, упорност и визија на инженерите што ги изградиле, пишува Euronews.

Оваа година, еден од најзначајните европски мостови, шкотскиот мост Форт, одбележува 10 години откако му беше доделен статус на светско наследство на УНЕСКО - еден од ретките железнички мостови што ја добиле оваа одлика. Покрај тоа, овој месец слави и 135 години од неговото отворање.

Мостот Форт во Шкотска

Овој иконски конзолен железнички мост, кој се протега низ Фортскиот Залив, е толку важен дел од шкотската гордост и културно наследство што можете да го најдете илустриран на некои шкотски банкноти.

Како се менувале железничките мостови со текот на времето?

Исто како железниците, мостовите повеќе не изгледаат исто како пред еден век.

„Железничките мостови значително се развија во последните 100 години. Во минатото вообичаени биле мостовите од камени лакови“, вели професорот Лук Прендергаст, експерт за градежништво (и особено мостови) на Универзитетот во Нотингем.

„Овие масивни камени конструкции биле прекрасни, но со текот на времето беа заменети со челични мостови со решеткасти системи.“

Но, немојте да мислите дека металните мостови не можат да бидат уметнички дела.

„Челикот овозможи изградба на подолги распони“, истакнува професорот Прендергаст.

„Најновите мостови обично се направени од армиран бетон и други композитни материјали, но сите овие конструкции можат да бидат естетски привлечни. На крајот на краиштата, сè се сведува на личен вкус - некои луѓе сметаат дека старите камени мостови се попријатни за око!“

Каде се наоѓаат највисоките железнички мостови во светот?

Иако најновите облакодери рушит рекорди во висина, истото не може да се каже за железничките мостови.

Црногорскиот вијадукт Мала Ријека стана највисокиот железнички мост во светот кога беше отворен во 1973 година.

Тој рекорд сега го држи понов мост во кинеската покраина Гуиџоу.

Сепак, вијадуктот Мала Ријека сè уште импресионира - на својата највисока точка, овој мост долг 499 метри се издига 200 метри над реката долу. Како што се очекуваше, структура од оваа големина бара сериозна потпора, а најголемиот столб од мостот се потпира на темел со големина на тениско игралиште.

Вијадуктот Мала Ријека во Црна Гора

Во Јужна Франција, вијадуктот Вјор можеби не е висок како Мала Ријека, но не е помалку зачудувачки. Оваа прекрасна челична конструкција е изградена во 1902 година.

Познат по својот елегантен дизајн и високите лакови, неговиот најдолг распон е 220 метри. Архитектот Пол Бодин го постигнал својот грациозен изглед со примена на иновативната техника на балансирани лакови, која овозможила помала потрошувачка на метал, потпирајќи се на техника на противтежа наместо на дополнителни материјали за цврстина.

Вијадуктот Вјор во Франција

Мостот, кој се издига 116 метри над долината на реката Вјор на нејзината највисока точка, е вистински инженерски подвиг - направен бил од 3.800 тони метал и поврзан со 160 тони челични навртки, од кои сите морале рачно да се затегнат.

Ремек-дела на каменоградбата во Франција и Англија

Тешко дека има поубав мост од вијадуктот Шамбориго – импресивна структура со 29 лакови, долга 384 метри, дизајнирана кон крајот на ХIХ век од архитектот Шарл Домбр за железничката компанија PLM (Paris-Lyon-Méditerranée).

Вијадуктот Шамбориго во Франција

Овој камен мост значително го олеснил пристапот до регионот Севен, познат по своите длабоки долини и високи ридови, а во 1984 година бил прогласен за историски споменик од страна на француската влада.

Друго камено ремек-дело е вијадуктот кај Воли во Северна Англија, изграден за да ја носи железничката линија помеѓу Блекбурн и Клидероу преку долината Колдер.

Вијадуктот Воли во Англија

Овој мост, отворен во 1850 година, бил изграден од 6 милиони тули и има 48 лакови.

Неговата импозантна структура честопати се споредува со катедрала или манастир - и со добра причина. Се смета дека ова било намерно упатување, бидејќи вијадуктот се наоѓа во близина на опатијата Воли од ХIII век, а инженерот Теренс Волф Фланаган црпел инспирација од неговиот црковен дизајн.

Друго ремек-дело е вијадуктот во долината Уз во англискиот округ Сасекс. Кога бил изграден во 1840-тите, бил пред своето време.

Вијадуктот Уз во Англија

Овој мост со 37 лакови користи посебна архитектонска техника наречена дип лакови, која ја намалува потребната количина на тули.

Неговата витка структура се смета за еден од најелегантните железнички мостови во Англија, а е познат по својата богата боја - направен е од 11 милиони тули со боја на 'рѓа и светол варовник од Нормандија.

Мостовите како туристички атракции

Некои од најубавите мостови во Европа станаа туристички дестинации сами по себе.

Еден од најдобрите примери е шкотскиот вијадукт во Гленфинан, кој одигра главна улога во филмовите за Хари Потер.

Вијадуктот Гленфинан во Шкотска

Професорот Василис Сархосис, експерт за камени мостови од Универзитетот во Лидс, е голем обожавател на овој мост и истакнува дека не е само неговиот елегантен дизајн тоа што го издвојува.

„Вијадуктот во Гленфинан е изграден пред повеќе од 100 години и сè уште е еден од најголемите мостови во Шкотска. Изработен е од цврст бетон - што значи дека не содржи метални засилувања, за разлика од повеќето модерни железнички мостови“, вели професорот Сархосис.

Овој мост со 21 лак, кој се појавува на некои шкотски банкноти, е долг 380 метри.

Друг пример е вијадуктот Ландвасер во Швајцарија, дел од железницата Албула, која е заштитена од УНЕСКО.

Вијадуктот Ланвасер во Швајцарија

Изграден во раните 1900-ти, овој мост со 6 лакови, долг 142 метра, е познат по својот остар лак и фактот што едниот крај на мостот исчезнува директно во планината.

Конечно, меѓу најиновативните железнички мостови денес е железничкиот мост Штос во Швајцарските Алпи - дел од најстрмната железница во светот.

Патниците на оваа планинска железница минуваат низ три тунели и два моста, од кои најимпресивен е оној што се протега преку реката Муота.

Мостот Штос во Швајцарија

Иако можеби не е за љубителите на традиционалните мостови, секако заслужува место во нашиот омаж кон најубавите железнички мостови во светот.

реклама

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Ручек за 20 минути: Паста со пилешко во бел сос

Read more

Архитектура

По 144 години од почетокот на изградбата Саграда Фамилија ја достигна конечната висина

Read more

Најубавите железнички мостови во светот: Меѓу инженерските чуда е и мостот од Хари Потер

Read more

Топ 15 џиновски светилници

Read more

15 мегапроекти изградени на најсуровите места

Read more
 

Магазин

Токсично однесување со кое си ја убивате врската

Читај повеќе
  • filter

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Читај повеќе

Скандинавски метод на спиење: Дали ќе ви ја спаси врската?

Читај повеќе

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Читај повеќе

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Читај повеќе

Хепатолог укажува на знаци дека црниот дроб не работи правилно

Читај повеќе
Машки свет: Вежбајте седум минути наутро за совршен ден

Машки свет: Вежбајте седум минути наутро за совршен ден

Читај повеќе

Ручек за 20 минути: Паста со пилешко во бел сос

Читај повеќе

Што се случува со шеќерот во крвта кога јадете тестенини?

Читај повеќе