Се гради мега-аеродром: Ќе биде еден од најголемите сообраќајни јазли во Европа

Ќе донесе револуција во патувањата низ цела Полска, но и надвор од границите на земјата.

Полска планира да отвори мега-аеродром во 2032 година под ново име - „Порт Полска“.

Се очекува транспортниот центар, сместен помеѓу Варшава и Лоѓ, да опслужува 40 милиони патници годишно, што го става во иста категорија со аеродроми како што се лондонскиот „Хитроу“ и аеродромот во Истанбул.

Проектот беше одобрен во 2017 година, но беше погоден од корупциски скандал.

Актуелниот полски премиер, Доналд Туск, избран во 2023 година, вети дека ќе му даде на проектот „нов почеток“.

Тој претходно изјави дека аеродромот „целосно ќе го револуционизира патувањето низ целата земја, но и надвор од нејзините граници“.

Најголем сообраќаен центар во регионот

„Порт Полска“ е замислен како порта кон Европа и еден од најголемите транспортни центри во регионот.

Властите издвоија 131 милијарда злоти (30 милијарди евра) за изградбата, а почетокот на работите е планиран за 2026 година.

Мега-аеродромот се смета за пресвртница за патувањата во регионот. Авиокомпаниите ќе ги поврзуваат главните меѓународни дестинации, додека брзите железнички врски ќе ги превезуваат патниците и до клучни градови како што се Краков, Гдањск и Вроцлав.

Се очекува дека околу 40% од патниците ќе пристигнат на аеродромот со воз, особено од Варшава, патување кое трае околу 20 минути. Ќе се изгради и автопат за да се поврзе аеродромот со остатокот од земјата.

„Авиони од целиот свет, 24 часа на ден; најголемиот транспортен центар во регионот; најбрзата железничка мрежа во Европа - тоа е она што го градиме“, рече Туск минатата недела.

Remote video URL

Аеродромот првично се викаше „Централно комуникациско пристаниште“ (Centralny Port Komunikacyjny - CPK), но бидејќи беше поврзан со обвинувања за корупција, беше одлучено да се започне одново и да добие ново име.

Извештаите покажаа дека претходната популистичка влада продала на приватна компанија 160 хектари земјиште клучно за градежништво.

Како ќе изгледа новиот полски аеродром?

Огромна парцела земја со површина од 2.585 хектари е одобрена за изградба. Аеродромот ќе има две паралелни писти, секоја долга околу 4.000 метри. Трета и евентуално четврта писта се планирани за подоцнежна фаза.

Патнички терминал и железничка станица ќе бидат изградени веднаш до пистата.

Проектирањето на сообраќајната крстосница го води британското архитектонско студио Foster + Partners.

Просторот ќе обедини три главни начини на транспорт - воздушен, железнички и патен - и ќе служи како место за собирање на патниците пред нивното патување или додека чекаат пристигнување на посетителите.

реклама

Вреди 400 пати повеќе од злато: Кој е најскапиот метал?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Голем неделен хороскоп од 16 до 22 февруари: Што му предвидува на вашиот знак?

Read more

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Read more

Архитектура

Топ 15 џиновски светилници

Read more

15 мегапроекти изградени на најсуровите места

Read more

Од неолит до зелени градови: Набиената земја се враќа како материјал на иднината

Read more

15 древни мегапроекти што сè уште постојат

Read more
 

Магазин

Што треба да направите за вашите собни растенија да ја дочекаат пролетта здрави?

Читај повеќе
  • play_arrow

10 тајни закони за мачки што ги почитувате без разлика дали ви се допаѓа или не

Читај повеќе

Подгответе ги највкусните тортиља пици за само неколку минути

Читај повеќе

Кој живее во најосамената куќа во светот?

Читај повеќе

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Читај повеќе

Каде најчесто грешиме со пиењето кафе во текот на денот?

Читај повеќе

Megawin.com - единствена легална интернет платформа што одговорно ја претвора среќата во забава

Читај повеќе

Зошто луѓето денес имаат помалку секс отколку пред 30 години?

Читај повеќе

Пет животни лекции од 90-тите за денешните деца

Читај повеќе