Американската конгресменката Ана Паулина Луна изјави дека НЛО свиркачите не ги нарекуваат тие сушстества „вонземјани“. Наместо тоа, ги нарекуваат „интердимензионални суштества“.
Претставничката Ана Паулина Луна гостуваше на „PBD“ поткастот кај Патрик-Бет-Дејвид пред неколку месеци и меѓу другото зборуваше и НЛО, односно каде што веќе неколку години се нарекуваат неидентификувани воздушни феномени (УАП). Таа рече дека постои нешто вистинско таму, врз основа на доказите што ги разгледала во класифицирани брифинзи.
Објасни дека мора да биде внимателна во врска со тоа што споделува бидејќи може да се најде во неволја поради откривање детали од SCIF, што е безбедна просторија за чувствителни информации.
Ги опиша суштествата, или феномените, како интердимензионални. Сведоците и брифинзите што ги видела сугерираат дека овие суштества можат да дејствуваат надвор од нормалниот простор и време како што го разбираме.
Се чини дека се движат на начини што ја побиваат познатата физика и можеби не се строго биолошки. Луна нагласи дека тие не се вонземјани од друга планета во традиционална смисла.
Ги поврза овие набљудувања со древни религиозни текстови. Препорача луѓето да ја прочитаат Книгата на Енох, која ја проучувала повеќе пати. Нагласи дека одредени книги или пасуси биле отстранети или исклучени од стандардната Библија, нешто што таа го нарече „форма на цензура или уредување со текот на времето“.
Според неа, овие текстови опишуваат нечовечки ентитети кои комуницираат со човештвото, вклучително и обезбедување напредно знаење или технологии.
Ана е американска политичарка и ветеранка од воздухопловните сили, која служи како претставник на САД за 13-от конгресен округ на Флорида од 2023 година. Членка на Републиканската партија, таа е првата мексиканско-американска жена избрана во Конгресот од Флорида.
Разговорот за вонземјаните почнува на 1:59:09 на виодеото: