Би пробале сладолед од ракови?

Последното место каде што би можеле да очекувате да најдете варен рак е во сладолед, но токму тоа го нуди една продавница за сладолед во Хјустон, Тексас, за време на врвот на сезоната на ракови напролет.

Remote video URL

Ники Нго, сопственичка на Red Circle Ice Cream, изјави за Reuters дека почнала да служи сладолед од рак во 2019 година, кога идејата ја добила додека јадела ракови на семеен собир.

Процесот започнува со мешање на растопен путер, мешанива од каџун зачини, лук и други состојки пред да се додадат живи ракови за готвење. Соковите од раковите, путерот и зачините потоа се додаваат во кремаста основа која  со машина се меша во сладолед од рак. Сварениот рак се става одозгора, со клештите кои висат над јадењето.

Нго нуди неколку совети на љубопитните клиенти пред да го послужи сладоледот, кој има сладок, солен и зачинет вкус на морска храна.

„Препорачувам, се разбира, да не бакнувате никого откако ќе ви го дадам сладоледот“, рече таа.

Нго им препорачува на гостите прво да го јадат месото од рак откако ќе ја одвртат главата од ракот, а потоа да ја користат главата за да го земат сладоледот како лажица.

Оцените на клиентите се мешани, некои не се воодушевени, додека други се пријатно изненадени откако го пробале сладоледот од рак.

Туристката Лорен Мур рече дека вкусовите се совршени.

„Го обожавам. Малку е солен, но е кремаст, мазен. Малку лут“, рече таа.

Нго вели дека од јануари добива повици од клиенти кои бараат сладолед од рак.

Тагови
реклама

Најдосадниот град во светот го контролира целиот интернет

Read more

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Read more

Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?

Read more

Направена првата квантна батерија: Авиони и дронови ќе се полнат преку ласери за минута

Read more

Чек дис аут

Тесла ја одбил најубавата жена на своето време: Бракот не ме интересира, јас одамна сум оженет за науката

Read more

Бележник стар 800 години пронајден во средновековен тоалет во Германија

Read more

Нови снимки: Северна Кореја каква што никогаш порано не сме ја виделе

Read more

ChatGPT реши проблем што ги мачи математичарите веќе 60 години

Read more
 

Магазин

Една навика пред спиење може многу да го отежни заспивањето

Читај повеќе

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Читај повеќе

Тесла ја одбил најубавата жена на своето време: Бракот не ме интересира, јас одамна сум оженет за науката

Читај повеќе

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Читај повеќе

Прекумерната тежина е сериозен ризик фактор за рак на матката

Читај повеќе

Бележник стар 800 години пронајден во средновековен тоалет во Германија

Читај повеќе

Колку вода треба да пиете дневно за да ослабете?

Читај повеќе

Колку треба да трае сексот? Подолго отколку што си мислите

Читај повеќе

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Читај повеќе