Чудо во Долината на смртта: Пустината расцвета по 10 години

Ретка глетка во Долината на смртта што се случува само еднаш на секои десет години.

Најсувото место во светот, Националниот парк „Долина на смртта“ во Северна Америка, процвета - диви цвеќиња во различни бои го покрија пустинскиот пејзаж. Овој настан се случува еднаш во една деценија. Овој природен феномен, познат како суперцвет, го претвора кафеавиот пустински пејзаж во златен тепих.

Дивите цвеќиња цветаат во Јужна Калифорнија и Невада во различни периоди од годината. Во некои години, суперцветот е толку живописен што може да се види од вселената. Сепак, ретко се случува Националниот парк „Долина на смртта“, најжешкото место на Земјата, да биде преплавен со бои.

„Пејзаж што луѓето понекогаш го сметаат за неплоден или безживотен сега е жива палета на бои. Поради постојаните врнежи од дожд и покачените температури во текот на изминатите шест месеци, овогодинешното цветање е најинтензивното во историјата на паркот“, рече чуварот на паркот Метју Ламар.

Долината на смртта во октомври добила врнежи во количина еднаква на врнежи за една година и го доживеала највлажниот ноември досега, според Националната служба за паркови. Со 43 сантиметри дожд, условите овозможиле семето во долго мирување, закопано во почвата, да почне да 'рти.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Bret Skiba (@skibabret)

Пустински златен цвет

Познат како „пустински сончоглед“, пустинскиот златен цвет покрива делови од долината, заедно со виолетовата фацелија, жолтиот трнлив грмун и розовите пустински цвеќиња што растат низ целата област.

Еколозите велат дека суперцветот го побива погрешното сфаќање дека пустините се лишени од живот.

„Дури и во години без живописно цветање, има многу живот во Долината на смртта. Растенијата и животните развиле навистина неверојатни стратегии за преживување, особено во систем како Долината на смртта, кој е обележан со екстремни услови“, рече Лорали Лариос, еколог за растенија на Универзитетот во Калифорнија, Риверсајд.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by AccuWeather (@accuweather)

Тифани Переира, екологистка и соработничка во Институтот за истражување на пустината, рече дека пустинските растенија се адаптирале да преживеат со децении без вода, чекајќи совршени услови за нивните семиња да 'ртат.

Времето е од суштинско значење ако сакате да го видите овој минлив, т.е. краткотраен, див цвет.

„Се очекува полињата со цвеќиња на пониските надморски височини во паркот да траат до крајот на март, во зависност од временските услови. На повисоки надморски височини, цветањето ќе трае од април до јуни, според Националната служба за паркови. Секој набран цвет значи помалку семиња за идните генерации“, рече Тифани Переира.

Remote video URL
реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Топ 5 половни автомобили до 3.000 евра: Деловите лесно се наоѓаат, експертите и таксистите ги препорачуваат

Read more

Кошаркар висок 2,36 има просек од 0,5 скока, а бара договор од 3 милиони долари

Read more

Чек дис аут

Би пробале сладолед од ракови?

Read more

Откриена точната локација на домот на Шекспир во Лондон

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more
 

Магазин

Што се случува со телото ако јадете бел леб секој ден?

Читај повеќе

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Редовното консумирање брокула може да помогне во регулирањето на хормоните

Читај повеќе
  • play_arrow

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Читај повеќе

Првиот симптом на тумор на мозок што не треба да го игнорирате

Читај повеќе

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Читај повеќе

Даската од тоалетот ретко е најголемиот ризик: Каде всушност се кријат бактериите во јавните тоалети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Би пробале сладолед од ракови?

Читај повеќе

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Читај повеќе