Фасцинантно откритие: Со CT скенер провалиле шифра од катанец од брод што потонал во XVI век

Користејќи напредна технологија за 3D скенирање, експерти успеале да ја дешифрираат комбинацијата од 4 букви за да отворат 400 години стар месинган катанец, пронајден на местото на историски бродолом крај брегот на Велс.

Месинганиот катанец бил откриен уште во 1999 година од страна на Питер Хјуз, кој користел детектор за метал, на плажата Морфа, во близина на Маргам.

Предметот е дел од вреден товар на трговскиот брод Ann Francis, кој на 28 декември 1583 година, додека се враќал од Шпанија, бил зафатен од разорна бура. Товарот со векови останал закопан длабоко во песокот.

Повеќе од две децении, 69-годишниот Хјуз сам се обидувал да го разбере механизмот, вртејќи ги бројчаниците во потрага по точната комбинација.

„Се обидував да го отклучам околу 20 години, барајќи ги вистинските комбинации, но не успевав. Со помош на современата технологија, дешифриравме нешто што, во суштина, наликува на Кодот на Да Винчи. За мене, ова е рамно на отворање на Заветниот ковчег – пресреќен сум“, изјави Хјуз.

До пресврт дошло кога во анализата се вклучиле истражувачи од Универзитетот во Кардиф и експерти од „Амгуедфа Кимру“ (Amgueddfa Cymru – Националниот музеј на Велс).

Дејвид Вилијамс, од Факултетот за инженерство при Универзитетот во Кардиф, употребил индустриски микро-CT  скенер за да ѕирне во внатрешноста на месинганиот механизам, без притоа да го оштети самиот артефакт.

„Уредот со кој располагаме не беше првично дизајниран за оваа намена – станува збор за микро-CT скенер, сличен на оние што се користат во болниците, но прилагоден за помали индустриски предмети. Првото скенирање нè изненади бидејќи внатре можеа да се видат букви. Вториот обид не помина најдобро, но за третиот го променивме пристапот и успеавме да го прочитаме кодот“, објасни Вилијамс.

Точната комбинација за отворање на катанчето била ANCE.

Вишиот куратор Аластер Вилис ја објасни сложеноста на овој безбедносен систем од времето на ренесансата: катанчето има 4 прстени, од кои секој содржи 6 различни букви. Тоа значи дека постојат вкупно 1.296 можни комбинации, кои мора прецизно да се порамнат со ознаката на горниот дел.

Кураторката Шан Ајлс истакна дека катанчето е исклучително добро зачувано – што претставува вистинска реткост за метални предмети изложени на морски услови повеќе од четири века.

Бидејќи катанчето било пронајдено заедно со збирка шпански сребрени монети и тегови за мерење монети, се претпоставува дека некогаш служело за заклучување дрвен ковчег или кутија во кои се чувале вредни документи, пари или скапи ткаенини – материјали што со текот на вековите се распаднале.

Збирката артефакти од бродот Ann Francis – во чиј центар е дешифрираното катанче – моментално е изложена во Музејот на крајбрежјето во Свонси, Велс.

Тагови
реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Чек дис аут

Мистеријата на кучињата од Чернобил: Има докази за забрзана природна селекција

Read more

Размена на панталони на аеродром

Read more

Италијански готвач одбил да стави ананас на пица, ресторанот го отпуштил

Read more

Фасцинантно откритие: Со CT скенер провалиле шифра од катанец од брод што потонал во XVI век

Read more

Магазин

Знаете ли што претставува малата дупка што се наоѓа во речиси секој мијалник?

Читај повеќе

Кои компири се најдобри за пире и зошто треба да се варат нелупени?

Читај повеќе

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Читај повеќе

Што (НЕ) треба да правите за време на ретрограден Меркур?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мистеријата на кучињата од Чернобил: Има докази за забрзана природна селекција

Читај повеќе

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Читај повеќе

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Читај повеќе

Дали носењето градник додека спиете го спречува опуштањето на градите?

Читај повеќе

3 хороскопски знаци ќе почувствуваат големо финансиско олеснување од 6 ноември

Читај повеќе