Како McDonald’s ги надитри Италијанците?

Познато е дека американската брза храна не е популарна меѓу Италијанците, но McDonald’s се погрижи да им докаже дека сепак им се допаѓа.

Ширум Италија има многу ресторани на McDonald’s, но најмногу ги посетуваат туристи или локални тинејџери (кои сѐ уште не знаат што е добро). Италијанците кога веќе јадат брза храна, ја претпочитаат нивната локална, како парче пица или лазања, панини, пјадини и други сендвичи и печива.

Затоа McDonald’s се погрижи да им покаже дека неправедно го дискриминираат. Одлучи да отвори ресторан на нова локација, но без никаде да стави било како знак дека е McDonald’s. Така, во центарот на Милано никна ресторан за брза храна со за никој познато име Single Burger, а кога локалците дојдоа да ги пробаат „непознатите“ бургери, добија типични McDonald’s бургери, само без никаква ознака и во различно послужување и амбиент.

И беа воодушевени. Некои дури и коментираа дека „се поубави од McDonald’s“.

Нормално, McDonald’s потоа им откри што јадат. И тоа го направи три дена по  отворањето, откако местото веќе го препралија стотици гладни Италчијанци. Посетителите кои се затекнаа во ресторанот во моментот на големото откритие, зачудено гледаа што се случува.

И покрај одличниот маркетиншки трик, тешко веројатно дека стереотипите кај Италијанците за американската брза храна ќе се променат, барем не во блиска иднина.

Тагови
реклама

По 8 тешки години, конечно доаѓа среќа за 4 хороскопски знаци

Read more

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Read more

Автобус се преврте во Унгарија, 12 мртви, возачот е уапсен

Read more

Работници нашле злато вредно 9 милиони евра копајќи канализациска цевка

Read more

Чек дис аут

Мерењето на времето не е природно: Зошто часовниците, календарите и временските зони станале политичко прашање низ историјата?

Read more

Зошто сонуваме и што ни кажуваат соништата?

Read more

Тројанската војна објаснета во 13 минути

Read more

Леваците се подобри возачи и пилоти

Read more

Магазин

По 8 тешки години, конечно доаѓа среќа за 4 хороскопски знаци

Читај повеќе

Дали сте навистина гладни или само стрвни?

Читај повеќе

Намирници што ги јадеме секој ден, а не треба да се комбинираат

Читај повеќе

Засадивте рузмарин и лаванда? Една состојка помага да растат побујни

Читај повеќе

Рецепт на денот: Свински шницли во сос од лимон

Читај повеќе

Симптоми на сериозни проблеми со бубрезите што не смеете да ги игнорирате

Читај повеќе

Ретроградна Венера ги враќа бившите и ги замрсува финансиите

Читај повеќе
  • play_arrow

Лимфно пешачење: Фитнес тренд или навистина е подобро од обичната прошетка?

Читај повеќе

Постојано сте уморни? Неколку секојдневни навики можеби ви ја црпат енергијата

Читај повеќе