Куќата е целосно опремена за престој и е вистински рај за оние кои сакаат да избегаат од светот.
Најосамената куќа во светот се наоѓа на малиот, ненаселен остров Елидај, кој се наоѓа на југот на Исланд. Островот е речиси целосно пуст и опкружен со ледени води, што го отежнува пристапот, но и неверојатно привлечен за љубителите на изолацијата и природата.
Островот некогаш бил населен. Неколку семејства живееле тука и се занимавале со сточарство и риболов. Сепак, во текот на 1930-тите, жителите се иселиле и го оставиле островот празен и заборавен. Оттогаш, останала само една осамена куќа, а со текот на годините станала предмет на бројни шпекулации и теории на заговор за тоа чија е и кој навистина живее во неа.
Една од попознатите теории, која ја објавија светските медиуми, тврди дека куќата ја купил анонимен милијардер, наводно како засолниште во случај на зомби апокалипса. Друга, подеднакво интригантна идеја е дека сопственикот на куќата е познатата исландска пејачка Бјорк. Сепак, вистина е дека куќата ја користат ловџии за сместување за време на сезоната на лов.
Доаѓањето до островот не е лесно, бидејќи нема пристаниште или мост што води до куќата. Посетата бара вистинска мала авантура. Можно е само каќување со помош на јаже и треба да се помине низ ладни, често немирни води. И покрај ова, оние што ќе успеат да стигнат тука ќе бидат наградени со неверојатен поглед на дивата природа, тишина и чувство на целосна изолација од светот.
Куќата е целосно опремена за престој. Има сè што ви треба, од кујна и греење, до место за одмор и складирање храна. Ловџиите што ја користат можат да поминат неколку дена во оваа мирна средина и да уживаат во тишината, далеку од секојдневниот стрес и гужвите.
За оние кои фантазираат да живеат далеку од цивилизацијата, островот Елидеј и неговата осамена куќа претставуваат вистинска фантазија. Ова е место каде што човекот може целосно да се поврзе со природата и да заборави на сите грижи на градот, барем засега.
Погледнете како изгледа оваа куќа: