Купил лото и го заборавил в џеб: Шест месеци не знаел дека освоил 15 милиони евра

Еден човек од Германија доживеал вистинско чудо откако посегнал по стара јакна и во нејзиниот внатрешен џеб пронашол заборавен тикет со кој освоил над 15 милиони евра.

Еден човек од Германија добил 15,3 милиони евра на лотарија, а со месеци не бил свесен за тоа, сè додека не нашол заборавен тикет во џебот на стара јакна.

Имено, човекот од областа на Франкфурт немал поим дека е добитник на главната награда во текот на целата пролет и лето, иако компанијата за лотарија Lotto Hessen организирала обемна кампања со постери за да го идентификува мистериозниот добитник.

Како што температурите паднаа, човекот посегнал по јакната што не ја носел од март и нашол превиткано парче хартија во внатрешниот џеб.

„Дури за време на викендот го најдов повторно тикетот, превиткан во внатрешниот џеб од јакната. Кога ги проверив броевите на телефонот и ја видов сумата, бев целосно шокиран. За среќа, седев - инаку колената ќе ми се превиткаа“, рече среќниот добитник.

Иако дури и слушнал за кампањата за потрага по победникот, никогаш не му паднало на памет дека тој е оној што се бара.

„Слушнав за тоа на радио и си помислив 'колку глупав мора да биде некој за да не земе таква награда'. Никогаш не ми падна на памет дека тоа сум јас“, призна тој со насмевка.

Кога го прашале како ќе ги потроши добивките, рекол дека прво ќе купи нова гарнитура за дневната соба. Тој и неговата сопруга планираат да ги искористат поголемиот дел од парите за иднината на своите деца.

И двајцата се согласија да не кажуваат никому колку всушност добиле на лотарија.

реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Пилот изврши итно слетување во Атлантикот, сите се спасени

Read more

Мбапе удри по тренерот: Ми рече дека сум четврти напаѓач; Арбелоа: Не е вистина

Read more

Одиме на Марс: Мегаракетата Starship V3 ќе биде лансирана на 19 мај

Read more

Чек дис аут

Нови снимки: Северна Кореја каква што никогаш порано не сме ја виделе

Read more

ChatGPT реши проблем што ги мачи математичарите веќе 60 години

Read more

Зошто Романија зборува латински јазик додека е опкружена со словенски нации?

Read more

Викиншката трговија со робови била поголема од африканската во Америка

Read more
 

Магазин

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Читај повеќе

Работи што треба да ги знаете ако пиете кафе веднаш по будењето

Читај повеќе

Карактерот, средината и моќта на вистинските тимови

Читај повеќе
  • filter

Како модерниот дизајн ја избриша топлината од работите што нè опкружуваат?

Читај повеќе

Навики што родителите треба да ги воведат во утринската рутина на децата

Читај повеќе

Која разлика во годините на партнерите е најдобра за преживување тешкотии во бракот?

Читај повеќе

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Читај повеќе

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Читај повеќе

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Читај повеќе