Обама за вонземјаните: Постојат, но јас не сум ги видел

Поранешниот американски претседател Барак Обама повторно ја разгоре дебатата за една од најголемите мистерии во светот. 

Обама беше гостин во подкастот на Брајан Тајлер Коен, каде се пошегува кога беше прашан дали вонземјаните навистина постојат, велејќи да, но со забелешка дека лично не ги видел. Тој, исто така, ги негираше популарните теории на заговор дека вонземјаните се чуваат во таен подземен објект во озлогласената Област 51, објави Fox News.

„Постојат, но јас не сум ги видел“, рече Обама. Тој додаде дека нема тајни објекти во воздухопловната база во Невада, позната како Област 51. „Нема подземен комплекс, освен ако нема некаков огромен заговор и не го криеле од претседателот на Соединетите Американски Држави“, продолжи тој со хумористичен тон.

На прашањето од водителот на подкастот кое беше неговото прво прашање откако ја презеде функцијата, Обама се насмеа и одговори: „Каде се вонземјаните?“.

Ова не е прв пат Обама да зборува за можноста за вонземски живот. За време на гостувањето во „The Late Late Show with James Corden“ во 2021 година, тој откри дека откако ја презеде функцијата, побарал информации за вонземјани и наводни тајни лаборатории каде што се изучуваат. Тој рече дека добил негативен одговор.

Сепак, Обама во тоа време потврди дека властите сериозно го истражуваат леталото чии движења не можат да се објаснат.

„Постојат снимки и записи за објекти на небото за кои не знаеме точно што се“, изјави тој. „Не можеме да објасниме како се движеле, нивната траекторија. Тие не ги покажаа вообичаените шеми на движење. Затоа луѓето сè уште сериозно се обидуваат да истражат и да откријат што е тоа“, опиша тој.

реклама

Иран го соопшти главниот услов за прекин на војната

Read more

Каде во Скопје денеска ќе нема струја и вода?

Read more

5 хороскопски знаци ќе имаат огромен финансиски успех до 28 април 2026 година

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Чек дис аут

Чудо во Долината на смртта: Пустината расцвета по 10 години

Read more

Лошо преведени персиски извори го кријат вистинското потекло на Александар Велики

Read more

26 милиони долари во кеш на маса за работниците: Нека земе кој колку сака

Read more

Што ќе биде различно во поместувањето на часовникот оваа пролет?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе имаат огромен финансиски успех до 28 април 2026 година

Читај повеќе
  • filter

Куќа со 3 спални соби чини под 50.000 евра: Дали би се преселиле тука?

Читај повеќе

Колку калории треба да внесувате дневно?

Читај повеќе

За сите што постат: Посна паста болоњезе со леќа и ореви

Читај повеќе

Место каде што 120 години не е изградена нова куќа: Името звучи застрашувачки, но е случајност

Читај повеќе

Што треба да јадете веднаш по тренингот?

Читај повеќе

Колку треба да пешачите секој ден за здраво срце?

Читај повеќе

Неделен хороскоп од 16 до 22 март: Што му носи на вашиот знак?

Читај повеќе

Идеални за во канцеларија: Собни растенија што сакаат вештачка светлина

Читај повеќе