Откриена точната локација на домот на Шекспир во Лондон

Вековна мистерија конечно е решена - точната локација на единствениот дом на Вилијам Шекспир во Лондон. Откритието фрла нова светлина врз неговите последни години и го поставува прашањето дали тука се напишани завршетоците на неговите најпознати драми.

„Ајрланд Јард“ - десно горе е спомен плочата дека Шекспир живеел во близина (фото подолу)

Новооткриена мапа од XVII век даде важни сознанија за животот на Вилијам Шекспир во Лондон.

Обожавателите на познатиот писател веќе знаат дека тој потекнува од Стратфорд на Ејвон, но својата кариера ја изградил во Лондон, каде што денес се зачувани многу малку траги од неговиот живот.

Сега, мапа од XVII век помогна за прв пат да се одреди точната локација на единствената куќа што Шекспир некогаш ја купил во Лондон, местото каде што веројатно работел на своите последни драми.

Локацијата и големината на имотот ги идентификувала професорката Луси Мунро од колеџот „Кингс“ во Лондон, која случајно дошла до откритието додека истражувала други материјали во лондонските архиви.

Откриени се три документи, два од Лондонскиот архив и еден од Националниот архив, што овозможи подетално разбирање на овој имот.

Претходно беше познато дека Шекспир поседувал куќа во делот од Лондон познат како Блекфрајарс, поранешен доминикански манастир од XIII век, но се претпоставуваше дека се наоѓала во близина на портата.

Новото откритие сега ја открива нејзината точна локација, големина и распоред; куќата не била голема и имала тлоцрт во облик на буквата „L“.

Се наоѓала на местото на денешниот источен дел од улиоцата „Ајрланд Јард“, долниот дел од улицата „Бургон“ и делови од згради на улицата „Бургон“ и ридот Сент Ендрус.

Ова значи дека плочата посветена на Шекспир на ридот Сент Ендрус всушност не означува место „во близина“, туку точното место каде што некогаш се наоѓала неговата куќа.

Плочата на ул. „Ајрланд Јард“ која означува дека Шекспир купил куќа во близина

Два дополнителни документи се однесуваат на продажбата на овој имот во 1665 година од страна на внуката на Шекспир.

Сè уште не е сосема јасно дали Шекспир всушност живеел во куќата или ја издавал, но според професорката Манро, нејзината големина и близината до театарот „Блекфрајарс“, на само пет минути пешачење, укажуваат дека во подоцнежните години веројатно поминал повеќе време во Лондон отколку што претходно се мислеше.

Можно е тука да работел на своите последни дела, како што се драмите „Хенри VIII“ и „Двајца благородни братучеди“, кои ги напишал заедно со Џон Флечер.

Благодарение на приходите од своите драми, Шекспир изградил семеен дом во Стратфорд, кој повеќе не постои. Починал таму во 1616 година, на 52-годишна возраст.

Новооткриениот документ што ја лоцира точната локација на шекспировата куќа во Лондон
реклама

Крај на една ера: Украина повеќе не зависи од милоста на Трамп

Read more

3 хороскопски знаци ги очекува голем финансиски успех во следните две недели

Read more

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Read more

Африканскиот континент се цепи: Дали во новиот расед ќе се појави море?

Read more

Чек дис аут

Зошто Романија зборува латински јазик додека е опкружена со словенски нации?

Read more

Викиншката трговија со робови била поголема од африканската во Америка

Read more

Во која земја најмногу се троши на домашни миленици? 

Read more

5 неверојатни римски руини кои не можат да се откопаат

Read more
 

Магазин

Која храна го попречува дејството на лековите?

Читај повеќе

Фрази што никогаш не треба да ги кажувате кога ѝ се извинувате на саканата личност

Читај повеќе

Науката потврди: Мачнини за време на бременоста се поверојатни ако носите женско бебе

Читај повеќе

3 хороскопски знаци ги очекува голем финансиски успех во следните две недели

Читај повеќе

Колку чекори дневно го намалуваат ризикот од деменција за 51%?

Читај повеќе

Зошто не треба да го подгревате спанаќот и како правилно да го чувате

Читај повеќе

Дали е безбедно да се обидувате да слабеете за време на бременоста?

Читај повеќе

Кое е најдобро време за појадок за стабилен шеќер во крвта?

Читај повеќе

Храна што никогаш не треба да се консумира со чај

Читај повеќе