Преминот од „Гладијатор“ отворен за јавноста

Некогашниот таен премин во Колосеумот, именуван по страшниот римски император кој се појавува во холивудскиот блокбастер „Гладијатор“, е отворен за јавноста за прв пат.

Таканаречениот „Премин на императорот Комод“ им овозможувал на императорите да влезат во арената и да гледаат гладијаторски борби и други спектакли без да се мешаат со толпата.

Бил ископан низ темелите на Колосеумот помеѓу крајот на 1-ви и почетокот на 2-ри век, како додаток на оригиналниот дизајн. Колосеумот е отворен во 80 година од н.е.

Археологот Барбара Назаро изјави за Reuters дека преминот сега е отворен за јавноста за прв пат и дека посетителите ќе одат по коридорот по кој одел самиот император.

Коридорот е откриен во 19 век и е поврзан со Комод бидејќи историските хроники велат дека преживеал обид за атентат во подземнiot премин.

„Беше многу лесно да се направи поврзувањето“, додаде Назаро, кој го надгледуваше реставрацијата на коридорот пред неговото отворање.

Некогаш имал мермерни ѕидови, подоцна заменети со гипс украсен со пејзажи, се вели во соопштението на Археолошкиот парк Колосеум.

Исто така, ималo и насликани митолошки сцени на сводот и прикази за спектаклите во арената, вклучувајќи борби со животни и акробати, во нишите на влезот.

Остануваат некои траги од декорацијата, но многу влажните услови во подземниот премин го отежнуваат зачувувањето.

Сепак, посетителите ќе може да добијат претстава за тоа како изгледал во дамнина благодарение на виртуелната реконструкција прикажана во видео, рече Назаро.

Remote video URL
реклама

Директорот на Алсат, Лирим Хајредини, пронајден мртов со повреди на телото

Read more

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Како сами да отстраните мали гребнатини од автомобилот без да ја оштетите бојата?

Read more

ФБИ го пратиле во џамија да шпионира, верниците го пријавиле во ФБИ за екстремен фанатизам

Read more

Чек дис аут

Зошто сонуваме и што ни кажуваат соништата?

Read more

Тројанската војна објаснета во 13 минути

Read more

Леваците се подобри возачи и пилоти

Read more

Камен град на раб на кањон: Дали би го посетиле?

Read more

Магазин

Зошто утринскиот секс е уште подобар во лето?

Читај повеќе

Трчање или возење велосипед: Што е подобро за вашето тело?

Читај повеќе

Како можете да го намалите ризикот од инфекција со западнонилска треска?

Читај повеќе

Што најмногу го крева шеќерот во крвта? 

Читај повеќе

Што треба да јадете и пиете ако цел ден сте биле на сонце?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто сонуваме и што ни кажуваат соништата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Тројанската војна објаснета во 13 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Може ли витаминот Д да се добие преку исхрана?

Читај повеќе

Јапонска студија открива кои бои да ги изберете за да останете посвежи во лето

Читај повеќе