Вработените во продавница за алкохол Ashland ABC Store во Вирџинија биле изненадени кога откриле дека ракун влегол во продавницата и се опил, а снимката ги освои социјалните мрежи.
„Бандитот“ бил пронајден како спие во тоалетот откако се послужил со алкохолни пијалаци што биле на долната полица.
Потоа, службеничката за контрола на животни, Саманта Мартин, го однела во засолништето за животни во округот Хановер, каде што бил пуштен во дивината.
Мартин рече дека животното се пробило низ еден од таванските панели пред да „полуди“ и да испие сè.
Во објава на социјалните мрежи, вработените во продавницата му се заблагодарија на Засолништето за животни во округот Хановер за нивната професионалност и за тоа што му овозможиле на ракунот „трезен да се врати дома“.
Инспирирани од дешавката, Засолништето за животни почна да продава маици со онесвестениот ракун: