За да стигне до конечниот датум, Њутн составил едноставни равенки на хартија.
На Исак Њутн во 17 век му се припишува формулирањето на законите за движење и универзална гравитација. Стивен Снобелен, директор на Канадскиот Проект Њутн, објаснил кои биле религиозните верувања на Њутн и како тие можеби влијаеле врз неговото предвидување за крајот на светот каков што го знаеме.
„Њутн верувал и во Бог и дека Библијата е Божјо откровение“, напишал Снобелен на својот блог. „Тој исто така верувал дека Бог не е врзан со времето како што се луѓето, што му овозможува да го увиди 'крајот од почетокот'. Затоа, со зборовите на Њутн, тој бил убеден дека 'светите пророчки книги' во Библијата не се ништо повеќе од 'истории на идни настани' (Јахуда МС 1.1, фолио 16 ректо). Во исто време, библиските пророштва се напишани на многу симболичен јазик што бара вешто толкување. Њутн го прифатил овој предизвик додека се обидувал да ја открие иднината на светот во зборовите на пророците.“
За да дојде до конечен датум, Њутн составил едноставни равенки на хартија, а Снобелен вели дека овие пресметки биле „едноставна аритметика што може да ја направи и дете“, врз основа на различни временски периоди. Датумот до кој стигнал е 2060 година.
Иако Њутн предупредил дека ќе има „војни и катаклизми“ пред 2060 година, Снобелен додава: „За Њутн, 2060 година би претставувала нов почеток. Тоа би било крај на старото доба и почеток на нова ера“. Тој понатаму објаснува дека Њутн веројатно би очекувал „Христос да дојде и да го воспостави илјадагодишното царство Божјо на Земјата“.
„Осврнувајќи се на пророкот Михеј, Њутн верувал дека ова царство ќе донесе време на мир и просперитет, време кога луѓето ќе „ги прековаат мечевите во плугови и копјата во српови“ и кога „народите повеќе нема да креваат мечеви едни против други или да ги учат вештините на војување“, објасни Снобелен.
Дали ова предвидување ќе се оствари? Сè уште имаме 36 години, па кој ќе преживее до тогаш ќе знае дали Њутн бил во право.