Ѕирнете во најтажниот аеродром во Европа

Замислувате ли аеродром со бесплатен паркинг, одлична поврзаност со автопатиштата и... речиси целосно е празен? Добредојдовте во Касел-Калден, веројатно најтажниот аеродром во Европа.

Додека Франкфурт, Минхен и Берлин летово едвај се справуваат со туристичкиот бран, во северен Хесен владее тишина што боли: до крајот на август од овој аеродром ќе полетаат само 35 авиони. Не дневно – туку вкупно.

„Престижен проект“ што тоне во загуби

Инвестиција од 340 милиони евра (главно од јавниот буџет), 11 години работа и резултат: во просек 227 патници дневно во 2023 година, три мали авиокомпании и четири дестинации (Палма де Мајорка, Болцано, Зилт и Узедом).

Изградбата на овој аеродром чинеше 280 милиони евра. Имаше 60 милиони евра загуби од отворањето во 2013 и 5 милиони евра минус само оваа година.

Зошто никој не лета од Касел?

Првичните планови предвидуваа 700.000 патници годишно, но реалноста е брутално поинаква. Дури ни бесплатниот паркинг (1400 места!) и близината на четири автопати не ги привлече авиопревозниците.

„Ова е класичен пример на политички мегаломански проект без економска логика,“ коментира економскиот аналитичар Клаус Вебер за BILD.

„Но сега никој не смее да го затвори, бидејќи тоа би значело признавање на огромна грешка,“ додава тој.

Вработени: 2.38. Патници: малку

Единствената светла точка? Работните места. На аеродромот и во околните фирми работат повеќе од 2.300 луѓе, што ги наведува локалните политичари да тврдат дека сепак е „исплатливо“.

Но, додека Франкфурт прима 590 летови дневно, Касел-Калден повеќе личи на музеј на транспортна инфраструктура. Толку е празен што минатата есен дури и еколошкиот протест „Letzte Generation“ помина незабележано – едноставно немаше никој што би го видел.

Дали некогаш ќе биде исплатлив?

Плановите од 2013 година ветуваа позитивно салдо до 2020 година. Наместо тоа, градот Касел, покраината и сојузот секоја година доплаќаат милиони само за пистите да останат отворени.

Можеби најдобриот коментар го даде еден од ретките патници кој неодамна го користеше аеродромот:

„Брзо се завршува чекирањето, паркингот е бесплатен, нема гужви... но некако ми е жал што сум единствениот во чекалната.“

Едно е сигурно: додека политичарите го држат Касел-Калден во живот, даночните обврзници ќе ја плаќаат сметката – за еден од најголемите „бели слонови“ на германската инфраструктура.

реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Пилот изврши итно слетување во Атлантикот, сите се спасени

Read more

Мбапе удри по тренерот: Ми рече дека сум четврти напаѓач; Арбелоа: Не е вистина

Read more

Одиме на Марс: Мегаракетата Starship V3 ќе биде лансирана на 19 мај

Read more

Чек дис аут

Нови снимки: Северна Кореја каква што никогаш порано не сме ја виделе

Read more

ChatGPT реши проблем што ги мачи математичарите веќе 60 години

Read more

Зошто Романија зборува латински јазик додека е опкружена со словенски нации?

Read more

Викиншката трговија со робови била поголема од африканската во Америка

Read more
 

Магазин

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Читај повеќе

Работи што треба да ги знаете ако пиете кафе веднаш по будењето

Читај повеќе

Карактерот, средината и моќта на вистинските тимови

Читај повеќе
  • filter

Како модерниот дизајн ја избриша топлината од работите што нè опкружуваат?

Читај повеќе

Навики што родителите треба да ги воведат во утринската рутина на децата

Читај повеќе

Која разлика во годините на партнерите е најдобра за преживување тешкотии во бракот?

Читај повеќе

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Читај повеќе

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Читај повеќе

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Читај повеќе