Зошто лажеме за тоа како си поминавме на одмор?

Ако на социјалните мрежи објавувате фотки од одморот на море дотерани до непрепознавање бидејќи сакате сите да видат како прекрасно и елитно се забавувате, не сте единствени.

Деновиве скролањето по Instagram или Facebook се состои од бескрајно листање на тиркизни мориња, бели плажи, романтични зајдисонца, шарени коктели и егзотични дестинации – сите ваши роднини и (не)пријатели се чини имаат незаборавен одмор.

Сите се совршено исончани, ослабени, дотерани и заминати на одмор од соништата.

Или можеби вие сте дел од овие луѓе? Дали и вие претставувате лажна слика за тоа како си поминувате на одмор и се фотографирате од агли што знаете дека претставуваат подобра слика за вас и вашето место на летување?

Луѓето најчесто го прават ова бидејќи сакаат поранешните партнери, сегашните колеги и школските од средно да имаат впечаток дека го живеат најдобриот дел од животот и да им завидуваат за тоа.

Ако спаѓате во оваа група, не очајувајте, ни оддалеку не сте сами.

Истражувањето спроведено во Велика Британија (да, луѓето секаде се исти, не дека само „таму“ се прават некои работи, а „тука“ не), покажа дека 71% од луѓето објавуваат „намонтирани“ фотки од одмор само за една цел – да бидат предмет на завидување.

Исто така, луѓето генерално лажат за тоа како си поминале на одмор, па така дури 64% од испитаниците признале дека сериозно претеруваат кога зборуваат за тоа колку добро си поминале на одмор, само за да ги импресионираат нивните познаници.

Луѓето најчесто лажат за местото каде престојувале, за бројот на ѕвездички на хотелот, за квалитетот на храната и услугата, за летните авантури и романси што (не) ги имале, за тоа колку алкохол испиле и каде се журкале.

реклама

Чек дис аут

Французин копал дупка за базен и нашол злато вредно 800.000 евра

Read more

Најголемите градови во Југославија - денес

Read more

Кој навистина бил Хомер: Поет, неколку луѓе или само неверојатен мит?

Read more

Се ближи крајот на светот што го предвидел Исак Њутн

Read more

Магазин

  • play_arrow

Шпагети ала путанеска - готови за помалку од половина час

Читај повеќе

Може ли какаото да ви го подобри расположението? 

Читај повеќе

Каде ќе пливате во најчисто море во Европа?

Читај повеќе

Што се случува со шеќерот во крвта кога прескокнувате оброк?

Читај повеќе

Кои знаци од кинескиот хороскоп ги очекува животен џекпот од 19 август?

Читај повеќе

Французин копал дупка за базен и нашол злато вредно 800.000 евра

Читај повеќе

Колку кафиња дневно прават штета на бубрезите?

Читај повеќе

Кога протеините може да предизвикаат подуеност?

Читај повеќе

Трик за сечкање лук: Додадете малку од една состојка и сечкањето ќе биде многу полесно

Читај повеќе