10 причини зошто пешачењето не ви покажува резултати

А.С.
/ 13.06.2025 / 09:33

Пешачењето е една од наједноставните и најприфатливи физички активности која секој може да ја практикува, без разлика на возраста или физичката подготвеност.

Освен што не бара посебна опрема или членство во теретана, пешачењето нуди бројни здравствени придобивки: го подобрува кардиоваскуларното здравје, помага во контролирање на телесната тежина, го намалува стресот и го подобрува расположението.

Редовното пешачење може да ја зголеми енергијата, да ја зајакне мускулатурата и да го подобри квалитетот на сонот. Сепак, иако пешачењето изгледа едноставно, многу луѓе не ги постигнуваат посакуваните резултати токму поради некои чести грешки кои несвесно ги прават.

За да ги искористите сите бенефити од оваа активност, важно е да обрнете внимание на техниката и навиките при пешачење. Во продолжение ќе ги откриете најчестите причини зошто вашето пешачење можеби не носи резултати.

Го прескокнувате загревањето и истегнувањето

Загревањето ги подготвува мускулите и зглобовите за движење, додека истегнувањето му помага на телото да се опушти по активноста. Ако ги прескокнете овие фази, поголема е веројатноста да почувствувате вкочанетост, болки или дури да добиете повреди.

Неправилна положба на рацете

За време на пешачењето, рацете имаат важна улога во одржување на рамнотежата и забрзување на темпото. Ако ги држите вкочанети или не ги движите, го ограничувате движењето на целото тело и на тој начин ја намалувате ефикасноста на вежбата.

Предолги чекори

Одењето со предолги чекори може да го зголеми притисокот врз колената и колковите и да предизвика непријатност. Наместо тоа, одете со пократки и поприродни чекори кои овозможуваат рамномерен и удобен ритам.

Постојано гледате надолу

Постојаното гледање во земјата може да предизвика напнатост во вратот и рамената. За да го задржите правилниот став на телото и да избегнете непријатност, држете ја главата исправена, а погледот насочен напред.

Лошо држење на грбот

Грбаво одење или претерано наведнување напред може да доведе до болки во грбот. За време на пешачењето важно е да го држите грбот исправен, рамената опуштени, а стомачните мускули лесно активирани.

Пренизок интензитет на одење

Многу бавно темпо нема значително да го зголеми бројот на отчукувања на срцето, што ги намалува ефектите на одењето врз здравјето. За подобри резултати, одете со живо темпо така што ќе можете да разговарате, но сепак да чувствувате лесен напор.

Недоволна хидратација

За време на пешачењето, телото губи течности, дури и кога прошетката не е долга. Ако не пиете доволно вода, може да почувствувате замор, главоболка или вртоглавица, особено во потопли денови.

Игнорирање на болка

Ако за време на пешачењето чувствувате болка, подобро е да направите пауза и по потреба да се консултирате со лекар. Продолжувањето со активноста и покрај болката го зголемува ризикот од посериозни повреди.

Гледате во мобилниот

Гледањето во мобилен телефон додека пешачите влијае на вашето држење, ја намалува внимателноста и го зголемува ризикот од сопнување, судир или паѓање. Освен тоа, ја намалува поврзаноста со самата физичка активност.

Носење неадекватни обувки

Некомфорни или несоодветни обувки без доволна поддршка може да предизвикаат болка во стапалата и да го зголемат ризикот од повреди. За пешачење е важно да носите обувки со добра амортизација и поддршка за сводот на стапалото.

Тагови
реклама

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Фит

Зошто се враќаме здебелени од летен одмор?

Read more

Како вашето тело се менува по 5, 10, 30, 40 и 60 минути пешачење?

Read more

Дали диетата богата со протеини навистина помага при слабеење?

Read more

Пет навидум лоши намирници кои всушност помагаат во слабеењето

Read more
 

Магазин

Зошто се враќаме здебелени од летен одмор?

Читај повеќе

Чиста сметка, долга љубов: Како да буџетирате со партнерот?

Читај повеќе

Дали треба да го лупите зеленчукот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хит намаз од краставица, одличен за со месо

Читај повеќе

Седум играчки кои можe да бидат опасни за вашето куче

Читај повеќе

Кардиолозите откриваат колку минути треба да пешачиме дневно за подобро здравје

Читај повеќе
  • filter

Во Европа се гради град од дрво: Проект од милијарда долари

Читај повеќе

Тајната на Медитеранот: Зошто Албанија треба да биде вашата следна дестинација за одмор

Читај повеќе

Сте слушнале за Правилото на Пепелашка? Ќе ви го зачини сексуалниот живот

Читај повеќе