Дали сте навистина гладни или само стрвни?

А.С.
/ 16.08.2026 / 14:10

Кога ќе почувствувате ненадеен нагон да јадете храна, како навистина да знаете дали сте гладни или само сте се настрвиле и ви се грицка нешто?

Иако ова чувство на глад може да изгледа дека е исто на прв поглед, постојат разлики помеѓу гладот ​​и желбата за храна. Нутриционистката Пуџа Шах Баве објасни како да се направи разлика.

„Кога ќе доживеете ‘напади’ на глад еден до 1,5 часа по добар оброк, тоа може да биде желба. Сите јадеме кога сме гладни, но често знаеме да јадеме десерт или оброк во некое непланирано време само за да грицнеме нешто. Ако често имате потреба да јадете релативно брзо после одреден оброк, веројатно не сте гладни, туку само копнеете за храна“, објасни таа, според Health Shots.

Меѓутоа, ситуацијата е сосема поинаква со „вистинското“ чувство на глад.

Најчестиот симптом на глад, посочува нутриционистката, е „кркорењето“ во стомакот, а тоа ја претставува јасната потреба на организмот да ги задоволи потребите за исхрана. Од друга страна, желбата обично претставува желба за одредена храна.

„Ако некој е многу гладен и не јаде неколку часа, веројатно ќе почне да чувствува мачнина. Општата слабост може да се рефлектира со слаби движења на мускулите, раздразливост, лутина или анксиозност. Кога сме гладни, нивото на шеќер може да ни се намали и можеме да доживееме отежнато дишење, придружено со потење, поспаност и вртоглавица“, истакнува нутриционистката.

Потребни се неколку часа за да се развие глад, но желбата може да се појави одеднаш. Се дефинира како интензивна желба за одредена храна, вкус или текстура, а често имаме потреба да јадеме храна која се смета за нездрава, пренесува Health Shots.

„Човек обично гравитира кон храна богата со шеќер или сол, наместо здрави алтернативи. Ако за време на таков нагон се служи домашен оброк, можеби нема да сакате да го јадете. Меѓутоа, ако се нудат чипс, чоколадо или колачи, одговорот е често сосема поинаков“, објаснува таа.

Нутриционистката заклучува дека желбата за храна може да биде под влијание и на психолошки фактори како што се емоции, сеќавања или слично. Но, треба да знаете како да се справите со желбата за да избегнете импулсивно прејадување и да се грижите за вашето здравје, особено ако се обидувате да изгубите тежина.

реклама

Зошто Германците не „летаат“ на автопат дури и таму каде што нема ограничување на брзината?

Read more

Во кое време од денот е најлошо да си дремнете?

Read more

Црна Месечина во Јарец од 15 септември: Какво искушение му носи на вашиот хороскопски знак?

Read more

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Фит

Дали треба да јадете три главни оброци дневно?

Read more

Што ни се случува во мозокот по 10 минути бавно трчање?

Read more

Дали треба да пиете вода додека јадете?

Read more

Како да се движите повеќе после јадење?

Read more

Магазин

Намирници што треба да се јадат секој ден

Читај повеќе

Јапонија за прв пат има повеќе од 100.000 стогодишници

Читај повеќе

5 знаци дека вашето тело не поднесува кафе

Читај повеќе

Кога треба да користите мелен бибер, а кога во зрно?

Читај повеќе

Црна Месечина во Јарец од 15 септември: Какво искушение му носи на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најлошо да си дремнете?

Читај повеќе

Општинско достигнување на денот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да ги готвите морковите за максимален внес на витамин А?

Читај повеќе

Што му се случува на вашето тело ако секојдневно пиете јаболков оцет?

Читај повеќе