Една вежба најефикасно го намалува крвниот притисок

Ф.З.
/ 30.04.2025 / 16:43

Иако сите видови вежби се ефикасни во контролата на крвниот притисок, истражувањата покажаа дека најкорисна вежба е чучњеви на ѕид.

Ново истражување покажа дека не мора енергично да вежбате за да го подобрите крвниот притисок, што е добра вест за секој што не сака да крева тегови или да трча. Метаанализа објавена во British Journal of Sports Medicine покажа дека статичките изометриски вежби, или вежби во кои ги активирате мускулите без движење, може да бидат поефикасни од другите методи на тренинг кога станува збор за намалување на крвниот притисок.

Научниците анализирале 270 клинички испитувања кои ги документирале ефектите од вежбањето кое трае две или повеќе недели врз крвниот притисок во мирување. Тим од Универзитетот „Крајст Чрч“ во Кантербери открил дека изометриските вежби се покорисни за подобрување и на систолниот и на дијастолниот крвен притисок во споредба со кардиоваскуларните вежби, тренингот за сила и интервалниот тренинг со висок интензитет.

Три вида изометриски вежби беа конкретно проучени, а чучњевите на ѕид се покажаа како најсоодветна вежба.

„Веруваме дека ова може да се должи на поголемата мускулна маса што се користи при изведување на чучњеви на ѕид во споредба со другите изометриски методи на тренинг“, изјави д-р Џејми О'Дрискол за Verywell Health.

Покрај тоа, аеробните вежби и динамичкиот тренинг со отпор се истакнати како корисни за намалување на крвниот притисок. Д-р Роберт Рос истакна дека истражувањето е охрабрувачко за луѓето кои сакаат да го намалат или контролираат крвниот притисок преку вежбање.

„Ако некој сака да го намали крвниот притисок и тоа го мотивира да вежба, тогаш добрата вест е дека изометриските вежби, тренингот за сила и класичните аеробни вежби се поврзани со намалување на систолниот и дијастолниот крвен притисок“, рече Рос.

За разлика од трчањето, пливањето или тренингот со тегови, изометриските вежби се практични, ефикасно искористување на времето и не бараат опрема за вежбање. Како што објаснува Рос, ако немате 150 минути неделно умерена до интензивна физичка активност, би било корисно да изведувате едноставни вежби кои имаат ефект врз здравјето.

реклама
aerie.jpg

Aerie главниот конкурент на Victoria's Secret има сосема поинаква кампања

Read more
Колку често треба да водиме љубов за да бидеме здрави?

Колку често треба да водиме љубов за да бидеме здрави?

Read more
Приштина бара имот од поранешна СФРЈ

Приштина бара имот од поранешна СФРЈ

Read more
Амстердам: Платен убиец од Србија фатен на дело

Амстердам: Платен убиец од Србија фатен на дело

Read more

Фит

Како да препознаете дали на вашето тело му недостасуваат протеини?

Read more

Што се случува со телото ако јадете бел леб секој ден?

Read more

Што се случува со вашето тело кога вежбате на празен стомак?

Read more

Мисиркино или пилешко: Кое месо е похранливо?

Read more
 

Магазин

Пет навики што ќе ве зближат со партнерот

Читај повеќе

Како да препознаете дали на вашето тело му недостасуваат протеини?

Читај повеќе

Што се случува со телото ако јадете бел леб секој ден?

Читај повеќе

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Редовното консумирање брокула може да помогне во регулирањето на хормоните

Читај повеќе
  • play_arrow

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Читај повеќе

Првиот симптом на тумор на мозок што не треба да го игнорирате

Читај повеќе

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Читај повеќе

Даската од тоалетот ретко е најголемиот ризик: Каде всушност се кријат бактериите во јавните тоалети?

Читај повеќе