Како вашето тело се менува по 5, 10, 30, 40 и 60 минути пешачење?

А.С.
/ 15.07.2025 / 13:33

Пешачењето е едноставна активност која носи големи здравствени придобивки, а дури и кратки прошетки можат значително да влијаат на телото и умот.

Еве што вели науката за тоа што се случува со вашето тело во зависност од тоа колку долго пешачите.

Пешачење од 2 до 5 минути

Помага во регулација на шеќерот во крвта и стимулира слабеење. Кратко пешачење по оброк може да помогне во стабилизација на шеќерот во крвта. Студиите покажаа дека нивото на шеќер и инсулин има помали осцилации ако прошетате после јадење, наместо да седите или стоите.

Докторката Ребека Робинсон објаснува дека пешачењето веднаш по јадење им помага на мускулите да ја искористат гликозата од крвта, што ја намалува нејзината количина и ја намалува шансата вишокот да се складира како маст, особено во пределот на стомакот.

Кратките прошетки можат да спречат ненадејни скокови и падови на шеќерот во крвта, што често предизвикува умор, глад и желба за благо.

Пешачење од 10 минути

Го намалува крвниот притисок и го подобрува расположението. Дури и десет минути пешачење може да го намали систолниот крвен притисок. Исто така го подобрува расположението, а луѓето кои редовно пешачат полесно се мотивираат да продолжат со физичка активност.

Дневната прошетка од 10 минути исто така може да помогне во намалување на ризикот од мозочен удар, срцеви болести и некои видови рак, покажале големи анализи на податоци.

Пешачење од 30 минути

Ги ублажува симптомите на депресија и ги зајакнува коските. Половина час пешачење позитивно влијае на психичкото здравје. Лица со депресија кои пешачеле 30 минути се чувствувале психички подобро и посмирено, а нивото на напнатост и замор се намалило.

Освен тоа, брзите прошетки неколку пати неделно можат да помогнат во зачувување на густината на коските, што е особено важно за жени пред менопауза.

Пешачење од 40 минути

Го подобрува помнењето и го штити срцето. Редовните прошетки од 40 минути можат да го подобрат помнењето и здравјето на мозокот. Постарите луѓе кои пешачеле три пати неделно имале подобри резултати на тестови за помнење и поздравата бела материја во мозокот.

Исто така, жените кои пешачеле 40 минути неколку пати неделно имале намален ризик од срцева слабост, покажуваат истражувања.

Пешачење од 60 минути

Го подобрува сонот, го намалува ризикот од појава на депресија и стрес. Еден час дневно пешачење може да го продолжи и подобри квалитетот на сонот, особено кај жени во менопауза.

Истражувањата исто така покажале дека пешачењето може да го намали ризикот од појава на депресија. Умерената физичка активност, како пешачењето, помага во одржување на психичката рамнотежа.

Пешачењето во природа особено добро делува за намалување на стресот, бидејќи ја намалува активноста на мозочните подрачја кои учествуваат во процесирањето на стресот. Пешачењето низ град нема ист ефект, пишува списанието Women's Health.

Тагови
реклама

Директорот на Алсат, Лирим Хајредини, пронајден мртов со повреди на телото

Read more

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Како сами да отстраните мали гребнатини од автомобилот без да ја оштетите бојата?

Read more

ФБИ го пратиле во џамија да шпионира, верниците го пријавиле во ФБИ за екстремен фанатизам

Read more

Фит

Трчање или возење велосипед: Што е подобро за вашето тело?

Read more

Како ефикасно да вежбате на +40°C?

Read more

Што треба да имате на ум ако прв пат одите во теретана или се враќате по долга пауза?

Read more

Што да јадете кога знаете дека ќе имате стресен ден?

Read more

Магазин

Зошто утринскиот секс е уште подобар во лето?

Читај повеќе

Трчање или возење велосипед: Што е подобро за вашето тело?

Читај повеќе

Како можете да го намалите ризикот од инфекција со западнонилска треска?

Читај повеќе

Што најмногу го крева шеќерот во крвта? 

Читај повеќе

Што треба да јадете и пиете ако цел ден сте биле на сонце?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто сонуваме и што ни кажуваат соништата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Тројанската војна објаснета во 13 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Може ли витаминот Д да се добие преку исхрана?

Читај повеќе

Јапонска студија открива кои бои да ги изберете за да останете посвежи во лето

Читај повеќе