Кога ќе почнете да гледате резултати од напорното вежбање?

А.С.
/ 12.06.2026 / 11:23

Колку промени ќе забележите во голема мера зависи од нивото на вашата кондиција пред да започнете да вежбате, објаснува фитнес инструкторката Аманда Хјуз.

„Ако никогаш претходно не сте вежбале, можете да очекувате да видите резултати многу побрзо од некој кој тренирал со години, бидејќи нивните тела се во подобра форма“, рече Хјуз.

„Сите ние сме различни во многу сегменти, така што брзината со која ги гледаме промените во нашето тело ќе биде различна за секој човек“, додаде таа.

Таа, исто така, објасни дека ако се придржувате до режимот на вежбање и тренирате помеѓу три и пет пати неделно, можете да очекувате резултати во рок од месец или два.

„Сепак, одредени варијабли ќе влијаат на резултатите, како што е почетната состојба на вашето тело и, се разбира, вашата исхрана“, вели Хјуз.

Следете го напредокот

Лесно е да се исмевате со бескрајните селфиња на Instagram, фотки со шејкови или фотографии „пред и потоа“, но документирањето на вашите тренинзи на тој начин може да биде корисно во смисла на одржување на мотивацијата.

Без разлика дали започнувате нова програма во теретана или одите на нов час по аеробик, Хјуз дава важни совети за да ве мотивира и да ви помогне да ги постигнете резултатите што ги сакате.

Без разлика дали ќе одлучите да ги споделите овие слики јавно или не, фотографирањето на вашето тело на почетокот на вашето фитнес „патување“ и за време на него, ви овозможува јасно да видите до каде сте стигнале.

„Иако првичните промени ќе бидат мали, овие резултати ќе бидат позабележителни со текот на времето“, рече Хјуз.

Бидете реални во вашите очекувања

„Бидете прогресивни со вашите вежби и размислете за вашата почетна точка“, советува Хјуз, додавајќи: „Ако штотуку почнувате, можеби е најдобро да работите две до три сесии неделно, а реалниот и одржлив план ќе ви помогне да останете доследни“.

Најдете вежби во кои навистина уживате

Доста луѓе и по одредено време од почетокот на вежбањето уште неволно одат на тренинзи и тоа го доживуваат како не многу пријатно искуство.

Навистина не мора да биде така, бидејќи денешните спортски сали нудат различни часови за вежбање - од бокс до јога - сè што треба да направите е да го пронајдете оној што навистина ви се допаѓа.

„Наоѓањето на нешто во кое уживате е најважно за вашиот успех“, вели Хјуз.

Помош од пријател

Ако сè уште се борите да станете од кревет наутро и да одите на закажан тренинг или состанок за трчање, клучот може да биде поддршката од пријател кој вежба.

Не само што ќе ви помогне да бидете одговорни ако се обидете да се откажете во последен момент, туку може да го претвори вежбањето во посоцијално искуство, што може да биде од голема корист за вашата ментална и физичка благосостојба.

„Кога некој кој е заинтересиран за вашиот успех, тоа ќе ви помогне да бидете охрабрени и едноставно да успеете“, заклучува Хјуз.

Тагови
реклама

Ловоровите листови не се само за готвење, можете да ги користите во вашиот дом

Read more

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Read more

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Read more

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Read more

Фит

Вода со лимон: Од хидратација до помош за слабеење

Read more

4 „лоши“ намирници за појадок што всушност треба да ги јадете

Read more

Евтина храна што помага за слабеење и ве држи сити

Read more

Вежбајте дома: Тренинг за послаби нозе и затегнат задник

Read more

Магазин

Грешка што многу луѓе ја прават помеѓу 11 и 18 часот може да ги направи домовите потопли

Читај повеќе

Ловоровите листови не се само за готвење, можете да ги користите во вашиот дом

Читај повеќе

Вода со лимон: Од хидратација до помош за слабеење

Читај повеќе

Која физичка активност е најдобра за ослободување од болките во грбот?

Читај повеќе

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Читај повеќе
  • filter

Латино дивата знае како да привлече внимание: Деколтето на Џеј Ло го „освои“ Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Читај повеќе
  • filter

Иуте ги прогласи победниците на IutePay студентскиот иновациски предизвик

Читај повеќе

Кога сувите, испукани пети се знак на болест?

Читај повеќе