Кои мали промени треба да ги направите за да имате подобар метаболизам?

А.С.
/ 02.06.2026 / 12:15

Многу луѓе сакаат да ослабат во име на здравјето, но слабеењето само по себе не е здравствен исход – затоа што да се биде слаб не е еднакво на тоа да се биде здрав.

Значи, време е повторно да размислите што сакате да решите со слабеењето.

Ве охрабруваме да го префрлите вашиот фокус од губење на тежината на подобрување на целокупното метаболичко здравје.

За да ви помогнеме да ја поминете оваа транзиција, ви предлагаме цели што можете да ги поставите, а кои ќе имаат силно влијание врз вашиот метаболизам.

Метаболичкото здравје покажува колку непречено и ефикасно се одвиваат процесите на производство на енергија во телото. Нивоата на шеќер и холестерол во крвта, крвниот притисок, триглицеридите и обемот на половината се мерливи начини за проценка на вашето метаболичко здравје.

Целете на минимум 100 грама протеини дневно

Конзумирањето доволно протеини е апсолутно клучно за ситост и рекомпонирање на телото. Значи, како општа основа за метаболичко здравје и долговечност, треба да се стремите кон најмалку 100 грама протеини дневно.

Ако 100 грама протеини изгледаат како многу, не грижете се. Само обидете се да ја зголемите типичната порција на животински протеини од 85-100 на 170-220 грама.

Јадете што е можно повеќе различни видови зеленчук неделно

Јадењето повеќе зеленчук може да го подобри вашето метаболичко здравје на повеќе начини. Оваа храна, особено зеленчукот без скроб, обезбедува низа витамини, минерали и фитонутриенти и е добар извор на влакна.

Добивањето на препорачаните 21-38 грама влакна дневно треба да биде лесно ако го прифатите овој пристап. Влакната играат важна улога во одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта и намалување на холестеролот.

Вежбајте најмалку два дена во неделата

Тренингот за сила (или отпор) значи дека работите со вашите мускули против сила. Таа сила може да биде сопствената телесна тежина, тегови, машини за тегови... Овој тип на вежбање е од суштинско значење за одржување и особено за градење мускулна маса. И секој аспект од вашето здравје се подобрува со зајакнување на вашите мускули.

Мускулите се многу ефикасни во користењето на енергијата и помагаат да се одржи нивото на шеќер во крвта во оптимален опсег. Ниската мускулна маса е фактор на ризик за метаболички синдром, дијабетес тип 2 и срцеви компликации.

Правете најмалку 8.000 чекори дневно

Пешачењето е толку лесен начин да ја зголемите вашата физичка активност. И гледањето на бројот на чекори ве охрабрува да дадете приоритет на движењето во текот на денот, а не само еден час во теретана.

Истражувањата покажуваат значителна корист за целокупното здравје на луѓето кои прават 8.000 чекори дневно. Меѓутоа, ако навистина барате метаболички придобивки како намалување на обемот на половината и процентот на телесните масти, можеби ќе сакате да ја зголемите вашата цел на 10.000-12.000 чекори дневно.

Спијте седум до девет часа навечер

Недоволно квалитетен сон го расипува вашето метаболичко здравје. Не секој има потреба од иста количина на сон, но генерално, ако не се наспиете седум до девет часа, тоа ќе влијае на шеќерот во крвта, го зголемува вашиот апетит и ве тера да правите полош избор на храна.

Тагови
реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Трамп преку ноќ го укина пристапот на Европа до најмоќните AI модели

Read more

Едноставен рецепт кој плени со својата свежина: Сочен колач со лимон и ф'стаци

Read more

Фит

Тест на ѕид открива дали имате лошо држење на телото

Read more

5 знаци дека под итно треба да почнете да вежбате

Read more

Колку протеини ви се потребни за да набилдате мускулна маса?

Read more

Пет причини зошто е подобро да вежбате на отворено

Read more

Магазин

Дали е безбедно да пиете вода од чешма во Грција?

Читај повеќе

Зошто се будите со трнење во рацете? 

Читај повеќе

Што се случува со вашиот мозок кога јадете банани?

Читај повеќе

Едноставен рецепт кој плени со својата свежина: Сочен колач со лимон и ф'стаци

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Запознајте ја земјата што ја сопре Шпанија: Зелен ’Рт е скриен бисер на Атлантскиот Океан

Читај повеќе
  • play_arrow

Тест на ѕид открива дали имате лошо држење на телото

Читај повеќе

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Читај повеќе
  • filter

Грчкиот остров со рајски плажи што не ја „продаде душата“ за комерцијала

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто треба да имате помали очекувања од партнерот?

Читај повеќе