Мини-тренинг што може да го направите во канцеларија
Канцелариската работа подразбира седење поголемиот дел од работниот ден што сериозно се одразува на општото здравје и држењето на телото.
Седењето, особено неправилното седење, ако не е пропратено со редовна физичка активност, придонесува за болки во грбот и вратните мускули, ослабена циркулација, како и главоболки. И кога канцеларијата е дома, навиките на седење се исти, па ако работите од дома, овие вежби се и за вас.
Раздвижете го телото додека сте на работа и вметнете малку физичка активност во вашето работно време. За кратко време ќе го забележите подобрувањето: поголема концентрација и намалена болка.