Побрзо се слабее ако секогаш вежбате во исто време

А.С.
/ 02.10.2026 / 15:30

Станува предизвик да се одвои време за вежбање, без разлика на околностите во кои живееме.

Живееме брзо и тоа може значително да го ограничи времето што ни останува наа располагање за вежбање. По напорен ден на работа, одење во теретана попладне можеби ни ви звучи како најпосакувана активност. Тоа не треба да биде изговор, туку напротив-поттик паметно да го испланираме времето и да излеземе на трчање или возење велосипед, а вежбањето да го оставиме за во домашни услови.

Научни истражувања покажаа дека побрзо ќе го намалите вишокот килограми ако имате рутина на вежбање што ја изведувате секогаш во исто време, а не кога ќе стигнете и со правење големи паузи меѓу деновите за вежбање.

Science Alert објави дека многу истражувања покажае дека најдобар ефект од вежбањето се постигнува ако истата физичка активност ја изведувате во исто време во деновите предвидени за тоа.

Студијата на истражувачите од медицинскиот факултет Браун Алперт во САД покажа дека не е важно дали трчате наутро или возите велосипед попладне коолку што е важно истата активност да ја изведувате секогаш во истото време.

Учесниците во оваа студија кои се придржувале до оваа препорака забележале поголем успех во симнувањето на вишокот килограми со вежбање во споредба со оние кои вежбале редовно, но во различни периоди од денот.

Истражувачите го објаснуваат ова со фактот дека луѓето кои вежбале на овој начин создале дневна рутина, па поретко им се случува да пропуштат тренинг. Тие вежбањето го ставиле во листата на дневни обврски, како одење на работа или подготвување оброк. На тој начин не се форсираат дали ќе успеат да извежбаат или не, туку точно знаат кога ќе го направат тоа и паметно го планираат остатокот од времето. Не ја трошат залудно енергијата и нервите и не се занимаваат со изговори.

Научниците советуваат дека ако сакате да останете во форма треба да вежбате вкупно 150 минути неделно, при што во секој тренинг треба да имате барем 10 минути вежби со висок интензитет.

Тагови
реклама

Фит

Како да се одржат резултатите од губењето тежина на долг рок

Read more

Дали треба да вежбате кога имате воспаление на мускулите?

Read more

Колку чекори треба да правите дневно за да живеете подолго?

Read more

Побрзо се слабее ако секогаш вежбате во исто време

Read more

Магазин

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Читај повеќе

Рецепт за највкусната салата од зелка

Читај повеќе

„Тешко е да се живее со депресија“ – пациентите од Клиниката за психијатрија со пораки до јавноста

Читај повеќе

Дали јадењето моркови навистина може да ѝ даде сјај на кожата?

Читај повеќе

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Читај повеќе

Како да ја одвикнете мачката од гребење на мебелот: Неколку хумани и ефикасни методи

Читај повеќе

Кој стил на флерт најдобро функционира? Истражувањата откриваат што навистина ги привлекува мажите и жените

Читај повеќе

Најлесниот начин да ги организирате полиците за книги во вашиот дом

Читај повеќе

Грашок на бугарски начин: Додадете јајце, готов е за 15 минути

Читај повеќе