Влечките Hyperslide на Nike се греат и вибрираат за да им помогнат на стапалата да се опорават по тренинг

Ф.З.
/ 28.07.2026 / 10:10

Nike претходно соработуваше со производителот на опрема за закрепнување Hyperice  за моделот Hyperboot, пар патики што можат да се загреваат и надувуваат за да обезбедат „масажа со компресија на воздух“, а сега претставија и влечки што можат да се загреваат и вибрираат.

Наречени Nike Air Zoom Hyperslide, високотехнолошките влечки ќе бидат достапни за јавноста почнувајќи од 29 септември за 249 долари преку веб-страниците на Nike и Hyperice, како и во продавниците на Best Buy и Dick's Sporting Goods во САД. Како помош за закрепнување, Air Zoom Hyperslide може да се купи со средства од американскиот FSA/HSA, вели Hyperice.

Она што ги прави влечките „хај-тек“ се она што компанијата го нарекува Hyperslide Pods, кои се модули што магнетно се прикачуваат на врвот на секоја влечка. Генерираат топлина и вибрации за да им помогнат на стапалата да се релаксираат, ресетираат и закрепнат, според маркетиншките материјали на компанијата.

Достапни се три нивоа на топлина и три поставки за вибрации, со температури што се движат од 105,5 до 115,5 степени Фаренхајтови. Компаниите препорачуваат носење чорапи додека ги користите влечките, што може да изгледа како модно промашување, но веројатно е добар совет кога станува збор за носење обувки што ги загреваат вашите стапала.

Pods модулите се поврзуваат со апликацијата Hyperice преку Bluetooth, што ви овозможува да ги прилагодите нивоата на топлина и вибрации. Меѓутоа, и без апликацијата можете да ги промените овие поставки со притискање на копчињата на модулите. Исто така, имаат вградени индикаторски светла кои ја покажуваат топлината, вибрациите и нивоата на батеријата. Кога станува збор за траењето на батеријата, компанијата вели дека треба да траат околу еден час, во зависност од тоа како ги користите. Со секоја сесија за опоравување што трае околу 10 минути, тоа значи дека корисниците ќе добијат околу 6 сесии пред да треба да се полнат, што се прави преку вградениот USB-C порт.

Што се однесува до самите влечки, користат нископрофилен ѓон Nike Air Zoom со текстуриран, мек газечки слој и имаат дизајнерски детали слични на Hyperboot. На пример, постојат препознатливи кружни елементи каде што лентите со велкро се поврзуваат со остатокот од патиката и генерално изгледаат многу естетски пријатно. Достапни се во црна или светло беж нијанса наречена Orewood, и во 15 големини кои се движат од M4/W5 до M18/W19 во САД. Ова одговара на големините од 36 до 52,5 во Европа.

Како и Hyperboot, Hyperslide се наменети за носење по тренинг за да се помогне во закрепнувањето. Секако, може да се носат кога сака корисникот.

Тагови
реклама

Фит

Кога протеините може да предизвикаат подуеност?

Read more

Како да слабеете без да се откажете од лебот?

Read more

Дали сте навистина гладни или само стрвни?

Read more

Лимфно пешачење: Фитнес тренд или навистина е подобро од обичната прошетка?

Read more

Магазин

  • play_arrow

Шпагети ала путанеска - готови за помалку од половина час

Читај повеќе

Може ли какаото да ви го подобри расположението? 

Читај повеќе

Каде ќе пливате во најчисто море во Европа?

Читај повеќе

Што се случува со шеќерот во крвта кога прескокнувате оброк?

Читај повеќе

Кои знаци од кинескиот хороскоп ги очекува животен џекпот од 19 август?

Читај повеќе

Французин копал дупка за базен и нашол злато вредно 800.000 евра

Читај повеќе

Колку кафиња дневно прават штета на бубрезите?

Читај повеќе

Кога протеините може да предизвикаат подуеност?

Читај повеќе

Трик за сечкање лук: Додадете малку од една состојка и сечкањето ќе биде многу полесно

Читај повеќе