Објавена „Македонистичко послание“ – нова книга од Кристина Николовска

Неодамна, книгоиздавателството Панили објави нова книга од универзитетската професорка, книжевна теоретичарка и критичарка и поетеса, Кристина Николовска, насловена „Македонистичко послание“. Станува збор за книга што содржи: студии, херменевтички толкувања, интерпретации, есеи и беседи за она што авторката го дефинира како македонистичката творечка мисија на современа македонска поезија, проза и есеистика (на втората половина на XX и актуелниот XXI век).

Во оваа книга, Николовска, всушност покажува интерес за т.н. „прекогнициска“ патриотска поезија, толкувајќи го феноменот преку интепретации на поетики на реномирани современи македонски писатели. Како што напоменува авторката, из децениите од втората половина на ХХ век и од актуелниот XXI век, прекогнициската родољубива современа македонска поезија, преку стих, претскажува, укажува и драматично ја објавува својата загриженост за стожерните обележја на македонството: македонскиот јазик, литература и култура, името на Македонија, националните и идентитетски обележја, итн.

„Ова дело на Кристина Николовска е 'внатрешна историја' на македонистичкиот творечки подвиг на мисијата на современата македонска поезија, проза и есестика… …Ненапишаната македонистичка историја на современата македонска поезија и на македонствувачката мисла, Николовска ја истражува и толкува во поетиките на писателите: Гане Тодоровски, Анте Поповски, Петре М. Андреевски, Живко Чинго, Михаил Ренџов, Тодор Чаловски, Ефтим Клетников, Јордан Плевнеш, Кочо Топузовски и Раде Силјан. Македонствувачкиот подвиг на овие автори ја инспирира авторката Николовска кон длабински анализи и раскошни интерпретации. Преку херменевтичка интерпретација, Николовска ги толкува суштинските процеси на нашата македонствувачка поезија и мисла. Делото има извонредно значење бидејќи прави есеистичко 'осветлување' на нашиот македонствувачки творечки ХХ и XXI век“, истакнува во својата рецензија проф. д-р Веселина Лабровска, дописен член на Македонската академија на науките и уметностите.

„Македонистичко послание“ има осмислена и изградена концепција со 17 херменевтички студии, есеи и беседи. Носечки се студиите за стожерниците на македонистичката книжевна и творечка мисија, кои се вдлабуваат во суштините на македонствувањето. Книгата содржи и феноменолошки есеи и расправи на тема: јазик, поезија, идентиет, како и есеј на тема: жанрот беседа, кој ги објаснува процесите на потребата од постоење, развивање и афирмација на овој подзаборавен ораторски жанр, кој ја красеше современата македонска критика, особено во втората половина на ХХ век. Николовска одново го заживува тој жанр.

„Книгата 'Македонистичко послание' ја афирмира македонската поезија, книжевност и есеистика, особено ги актуелизира македонскиот јазик и култура бидејќи покрева важни прашања за: индетитетот, македонскиот јазикот, и за феномените на творечкиот и поетскиот јазик…. …Критичкиот дискурс на Николовска е извонредно студиозен и аналитички. Николовска е врвен беседник, оратор кој восхитува со раскошна интерпретација и филозофски толкувања кои имаат висока авторска вредност. Студиите се засновани на студиозни и стабилни книжевно-теориски анализи и интерпретации, но важно е што дискурсот на обраќање е отворен, комуникативен и за пошироката публика, а не само за стручната публика“, нагласува професорката Лабровска во својата рецензија.

Оваа, најнова книга на Кристина Николовска, веќе е достапна во книжарниците.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Знаете ли што претставува малата дупка што се наоѓа во речиси секој мијалник?

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Книги

Најлесниот начин да ги организирате полиците за книги во вашиот дом

Read more

Писател обвинет дека напишал награден роман со помош на вештачка интелигенција

Read more

Најден фрагмент од „Одисеја“ стар 1.700 години

Read more

Новиот роман за Гоце Делчев ги подели Македонците

Read more

Магазин

Знаете ли што претставува малата дупка што се наоѓа во речиси секој мијалник?

Читај повеќе

Кои компири се најдобри за пире и зошто треба да се варат нелупени?

Читај повеќе

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Читај повеќе

Што (НЕ) треба да правите за време на ретрограден Меркур?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мистеријата на кучињата од Чернобил: Има докази за забрзана природна селекција

Читај повеќе

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Читај повеќе

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Читај повеќе

Дали носењето градник додека спиете го спречува опуштањето на градите?

Читај повеќе

3 хороскопски знаци ќе почувствуваат големо финансиско олеснување од 6 ноември

Читај повеќе