Чиста сметка, долга љубов: Како да буџетирате со партнерот?

Младите брачни парови добиваат најразлични совети кога ќе стапат во брак. „Комуницирајте и кога ви е најтешко“, „Вежбајте заедно и хранете се здраво“, „Патувајте колку што можете повеќе“...

Но, една работа што се чини никој не ја спомнува се парите. Не за џабе постои изреката „Чиста сметка, долга љубов“. И самите знаете дека полесно се спие со платени сметки и полн фрижидер.

Затоа, двојките кои се во брак или живеат заедно, треба да бидат реални и да разговараат отворено за нивните финансии.

Чиста сметка уште на почетокот на годината ќе ви заштеди многу расправии и непроспиени ноќи.

Можеби не звучи најромантично, но финансиите се реален и многу потребен елемент на врската, а тешко е да бидеш романтичен откако сте броеле пари за сметки или со ноќи не сте спиеле размислувајќи дали може да си дозволите одмор од еден викенд или од две недели.

Редовни трошоци

Правењето буџет звучи здодевно и ограничувачки. Ама не мора да биде така. Направете кафе или отворете шише вино и седнете со вашиот партнер за да ги испланирате вашите редовни месечни трошоци. Тука спаѓаат трошоци за домување, за храна, за облека, рати за отплата, месечни членарини...

Откако ќе ја составите листата на трошоци, споредете ја сумата со вашите приходи. Ако имате вишок, тоа е супер, бидејќи значи дека може да тргнете нешто на страна како заштеда за одмор или нешто помало, како членарина за фитнес, на пример.

Ако трошите повеќе отколку што заработувате, треба да ги намалите трошоците, како на пример за готова храна, јадење во ресторани, купување кафе за носење, членарини што не ги користите... можеби ова не ви звучи како големо заштедување, но кога ќе се собере, сумата не е незначителна.

Правењето буџет не е игра на погодување. Ако немате точна претстава за вашите месечни трошоци, ќе треба да потрошите малку повеќе време на овој дел од проектот.

Заштеда

Празниците се најдобро време да видите колку знаете да сте штедливи, не само во изборот на подароци и паметното планирање, туку и дали сте заштедиле пари што нема да мора да излезат од вашата последна плата во годината.

Треба да имате заштеда за непланирани трошоци како поправки во домот или семејни настани (од свршувачки до погреби).

Направете план како најлесно би можеле да штедите – на неделно, двонеделно или месечно ниво. Исто така имајте предвид кога и двајцата земате плата, за да може да ги распоредите давачките во текот на месецот.

Најдете каде ви е дупката во џебот

Некои трошоци се скриени или барем не ги доживуваме како голем трошок.

Вимавајте кога, како и колку купувате храна. Што најчесто ви останува и го фрлате бидејќи се расипало од стоење? Што најчесто користите и е подобро да го купувате на големо?

Ќе ги спомнеме уште еднаш членарините што не ги користите и пеналите што ги плаќате за задоцнето плаќање на сметките.

Постепено научете да правите некои работи сами наместо за сѐ да викате мајстор или да плаќате професионалец (ова важи од маникир до местење полици и фарбање врати).

Ако успеете да ги менаџирате парите во 2022 година како тим, ќе имате многу помалку стрес што значи дека ќе имате повеќе време и енергија за она што е најважно: да се сакате.

реклама

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Read more

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Read more

Клубот му забрани на Белгиецот Дебаст денеска да игра против Шпанија

Read more

Венера влезе во Девица на 9 јули: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Read more

Љубов и секс

Дали стрејт мажите и жените можат да бидат „само пријатели“?

Read more

Зошто се здебелуваме некое кило плус во првата година од врската?

Read more

Најчестата грешка што им го уништува сексуалниот живот на двојките

Read more

Добронамерни брачни совети што никогаш не треба да ги слушате

Read more

Магазин

Вода со лимон: Од хидратација до помош за слабеење

Читај повеќе

Која физичка активност е најдобра за ослободување од болките во грбот?

Читај повеќе

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Читај повеќе
  • filter

Латино дивата знае како да привлече внимание: Деколтето на Џеј Ло го „освои“ Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Читај повеќе
  • filter

Иуте ги прогласи победниците на IutePay студентскиот иновациски предизвик

Читај повеќе

Кога сувите, испукани пети се знак на болест?

Читај повеќе

5 летни навики што ги влошуваат проблемите со варењето и надуеноста

Читај повеќе

Венера влезе во Девица на 9 јули: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе