Дали сте во врска со зрел маж или со мамин син?

Некои мажи се „мамини синови“ и на 50 години, а токму тоа е една од причините за неуспехот на бројни љубовни врски. Дознајте дали сте во врска со зрел маж или мамин син следејќи ги овие знаци.

Жените често се жалат дека мажите не се однесуваат во склад со возраста и статусот во животот, а најмногу ги обвинуваат своите мајки кои ги навикнале да прават сè за нив.

Понекогаш токму тоа е причината за неуспехот на бројни љубовни врски - од очекувањето на мажот дека неговата девојка или сопруга само ќе ја пополнат улогата на мајка му, до жалбите на нивните партнерки дека немаат рамноправен партнер.

Ваквите работи лесно се забележуваат на почетокот, но само ако внимателно ги набљудуваме ситниците кои укажуваат на зрел маж кој може да биде рамноправен животен партнер. Ако вашиот партнер е спротивно од тоа, тогаш можеби сте во врска со незрел дечко.

Зрел маж се однесува вака:

Неговиот стан изгледа уредно

Неговиот стан не е зоолошка градина, но не е ниту магацин на непотребни работи. Во кујната се гледа мијалникот, односно не потонал под куп садови и не се плашите да ја отворите вратата од фрижидерот. Чистењето по себе не му е туѓо, што е исклучително важно во заедничката иднина.

Има своја цел

Работи или сака да работи за да живее удобно, а ако работи работа што не го задоволува, тогаш знае дека сака да најде нешто друго и е подготвен напорно да работи за тоа. Не му треба да му се јави мајка му за да стане или да оди на работа, а во животот досега работел нешто подолго од еден месец на истото место.

Не му треба бебиситерка

Без разлика дали се опил, се скарал со пријателите или зезнал нешто со шефот, не му треба дадилка или некој друг близок за да го „извади“ од ситуацијата. Ако излегувате со маж кој морате да го избркате од кафуле или кафана, или да го носите дома по излегување, кој постојано се жали за сè и не прави ништо, тогаш можеби ќе ви биде јасно што ве чека во иднина.

Не бега од проблемите, туку ги решава

Возрасните мажи се свесни дека проблемите се дел од секојдневието и дека не исчезнуваат ако се игнорираат. Ако секоја кавга и непријатна ситуација ја „решава“ со бегство, тоа е знак дека не е способен да се соочи со нешто конфликтно, како воспитувањето дете.

Не е зависник

Модерната ера резултираше со сè почесто бегство на луѓето во зависност - од коцкање, дрога, алкохол, порнографија или видеоигри. Ако излегувате со маж кој има изразена зависност, односно има нешто што го контролира неговиот живот или не може да живее без нешто, не сметајте на тоа дека ќе го спасите.

Ги знае своите приоритети

Мажите кои се изгубени во животот се олицетворение на момчиња кои не пораснале. Мажите имаат насока, приоритети и работа, а момчињата се забавуваат и губат време за да не треба да размислуваат за „тешките работи“ како бракот, основањето семејство, грижата за саканите или дека мора да работат.

Се грижи за себе

Човекот е свесен дека здравјето е една работа и треба да се грижи за тоа. Деновите и ноќите нема да ги минува исполнети со нездрави навики, од лоша исхрана, недостаток на сон, пиење... Во оваа категорија спаѓаат и нормалната тежина, одржување на основна хигиена, вежбање и чиста облека.

Позитивно влијае на вас

Зрел маж кој е стабилен ќе избере сличен партнер, кого ќе го поддржува во животот. Тоа значи дека нема да прибегнува кон постојани критики, зборувајќи само за негативни работи и барајќи некој со кој може само да кука.

Без комплекс на „инфериорност“

Зрелиот маж нема да биде љубоморен на својата партнерка која има поголема плата или подобра работа од него, туку ќе биде среќен и горд. Исто така, нема да си ја мери вредноста по физичкиот изглед, нема да биде опсесивно љубоморен поради својата несигурност или да го „подгрева“ своето его заведувајќи други жени.

Може да преживее сам

Една од најважните карактеристики што ги одделува мажите од момчињата е тоа што тие се способни да преживеат сами. Тоа не значи дека треба да бидат мајстори за сè, но ги разбираат основните работи - знаат да зготват неколку основни оброци, да перат алишта во машина, да сменат сијалица или осигурувач.

реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Како изгледа најмалата земја што игра на Светско: Курасао е карипски рај со европски потпис

Read more

„Протече“ тајниот договор: Иран доби милијарди од Катар, САД тивко го одобрија планот

Read more

Љубов и секс

Зошто треба да имате помали очекувања од партнерот?

Read more

Фантазија или кошмар: Што треба да знаете пред да пробате секс во вода?

Read more

Осум знаци дека сте се изгубиле во врската

Read more

Три „себични“ граници кои се здрави за врската

Read more

Магазин

Едноставен рецепт кој плени со својата свежина: Сочен колач со лимон и ф'стаци

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Запознајте ја земјата што ја сопре Шпанија: Зелен ’Рт е скриен бисер на Атлантскиот Океан

Читај повеќе
  • play_arrow

Тест на ѕид открива дали имате лошо држење на телото

Читај повеќе

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Читај повеќе
  • filter

Грчкиот остров со рајски плажи што не ја „продаде душата“ за комерцијала

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто треба да имате помали очекувања од партнерот?

Читај повеќе

Може да биде фатално: Не ги оставајте децата сами во автомобил кога е жешко

Читај повеќе

Како да препознаете лубеница полна со нитрати кои може да предизвикаат труење?

Читај повеќе

5 знаци дека под итно треба да почнете да вежбате

Читај повеќе