Можеби ви се чини како невозможна мисија, но возможно е да ја задоволите жената и да ѝ пружите не еден, туку повеќе оргазми едно по друго. Сега жените откриваат и како најчесто ги доживуваат овие оргазми.
Според истражувањето на порталот за сексуална едукација OMGYES и Универзитетот на Индијана, во кое биле опфатени 1.055 жени, дури 47% од испитаничките одговориле дека доживуваат повеќекратни оргазми.
Повеќето жени најчесто доживуваат оргазам со директна стимулација на клиторисот, а 34% од испитаничките рекле дека набрзо по првиот оргазам доживувале втор, па и трет, ако интензитетот на стимулацијата остане ист.
Околу 45% од жените рекле дека полесно доживуваат оргазам ако е стимулацијата нешто погоре или подолу од клиторисот. Повеќе од половина, или поточно 64%, рекле дека повеќе сакаат движења нагоре-надолу и дека тоа полесно ги доведува до оргазам, додека 52% одговориле дека сакаат кружни движења.
Она што ви останува е отворено да разговарате со вашата партнерка за сексот, да слушнете што сака и да го примените тоа во пракса.