Расправијата со вашиот партнер или сопружник не само што е исцрпувачка, туку и бесмислена, а експертите тврдат дека паровите кои често се расправаат имаат помала веројатност да раскинат.

Клиничкиот психолог Дебора Гроди за Time изјави дека врската без расправии е знак дека нема да трае.
„Врските кои не можат да се спасат се оние во кои има малку или никакви искри. Оние парови кои ја нашле совршената формула за хармоничен соживот станале рамнодушни и не се караат бидејќи не им е грижа. Најверојатно ќе завршат со развод“, тврди Гроди.
Таа тврди дека тоа не значи дека паровите кои се расправаат често имаат подобра врска од оние кои имаат конструктивни расправии. Искрените разговори кои следат по расправија ја надминуваат краткотрајната непријатност предизвикана од изразувањето на гнев.
Професорот Ноам Острандер е на мислење дека партнерите најчесто се расправаат за исти работи и во тие случаи ништо не решаваат, а за да го прекинете тој циклус советува да престанете и да дојдете до коренот на проблемот.
Користењето на фразите „Ти никогаш“ или „Ти секогаш“ може да направи вашиот партнер да се чувствува како да го напаѓате. Наместо да го користите овој тон, се препорачува да бидете подиректни и да побарате од партнерот да изврши одредена задача.
Многу често, ништо не се решава за време на расправијата, бидејќи и двајцата партнери се зафатени со размислување што да кажат следно, наместо всушност да слушаат што се зборува. Доколку се грижите за вашата врска и за партнерот, препорачливо е да слушате без да прекинувате. Ако има нешто што не го разбирате, корисно е да го разјасните пред да реагирате и со искрена намера да го разберете.
Исто така, ставањето на кавгата „на пауза“ ќе ви овозможи појасно да размислите и да разберете што е вистинскиот проблем и ќе можете да ги гледате работите од перспектива на партнерот. Најдоброто нешто за ставање кавга „на пауза“ е тоа што можете да ги надминете проблемите без да ги влошите.
„Поголемиот дел од времето, за време на расправијата, зборовите се кажуваат во лутина, а зборовите не можат да се вратат назад“, вели Гроди.