Зошто по неколку години во брак партнерите се однесуваат како цимери?

Разликите меѓу двојките кои само што ја почнале врската и оние кои се заедно со години, се големи, но и двете страни би имале многу што да научат од другите.

Двојките кои долго време се заедно забораваат како е да се биде заљубен и почнуваат да се земаат „здраво за готово“, а тоа со себе носи и други тешкотии.

Партнерите кои долго време се во врска велат дека е тешко да се одржи искрата на страст во врската и дека ако се случи и двајцата партнери да не се доволно заинтересирани, да почнат да се однесуваат еден кон друг како цимери.

„По 10 години заедно, можно е да се однесувате како да сте само цимери кои делат стан и да немате фокус на страста и слични работи. Станувате партнери во животот и се фокусирате на некои други работи, а заборавате доста работи поради кои сте ја почнале врската“, вели терапевтот за двојки Курт Смит.

Не е реалистично да очекувате дека секој ден во врската или во бракот ќе ви бидат магични и како во бајка. Многу е веројатно дека ќе има денови кога ќе ви биде здодевно, но ако тоа ви стане нормално и секојдневие, тогаш тоа значи дека со партнерот сте почнале да се земате здраво за готово.

„Можеби сте влегле во рутина и одбегнувате соочување со проблемот. Обидете се да го зачините вашиот заеднички живот, бидете поспонтани, или ако тоа не ви успева, бидете многу организирани и планирајте: прошетки, излети, кино, пешачење, спортување, патувања... Разговарајте за работите за кои досега сте се плашеле да разговарате. Овие работи ќе ве извадат од рутина, за почеток, и ќе ја отворат комуникацијата за решавање на проблемот“, вели Тина Тесина, психијатар.

Секс-терапевтите истакнуваат дека често им доаѓаат двојки со проблеми како што е недостиг на секс во долга врска и нагласуваат дека ова е сосема нормална работа.

„Ова се чести ситуации, но она што е важно е дали имате желба да се вратите на вистинскиот пат и да продолжите да го градите односот со партнерот во сексуален контекст. Секако дека вашите односи со тек на време ќе се сменат, но е многу важно да се утврди дали уште имате желба еден за друг. Ако имате, другото се решава“, вели Смит и додава дека тоа е една од темите на кои треба најискрено да разговарате со партнерот.

Во брак често се менуваат приоритетите на секој од партнерите и на двајцата како пар, па семејството доаѓа на прво место, или кариерата и заработката за подобар живот.

„Многу двојки ги жртвуваат своите индивидуални соништа за да ја одржат стабилноста во градењето на врската и семејството. Но, по 10 години ќе сфатат дека не постигнале сѐ што сакале и најчесто се обвинуваат себе си или партнерот и тоа прераснува во фрустрација што ја бива желбата за интимност“, вели Смит.

Во првите неколку години од бракот имате повеќе трпение за партнерот, но тоа се намалува со годините. Ако на почетокот сте премолчувале некои работи или сте ги простувале „престапите“ и полесно ви поминувала лутината, по 10 години не е така.

„Кога и ако се случи ова, обидете се да се сетите дека вие и вашиот партнер сте на иста страна и дека играте за истиот тим. Претпоставете дека прават најдобро и најмногу што можат и дека се трудат, па обидете се да не реагирате нервозно, цинично, или најлошо – гневно“, вели Смит.

Кога сте на почеток на врската, постојано барате причини за прослава и сакате да ги одбележувате моментите – месечнини, годишнини, родендени, празници... Но, со тек на време ентузијазмот спласнува и прославите се сѐ поретки и помалку спектакуларни.

„Одбележувањата и прославите значат дека уште ви значи другиот и дека ви значи вашата врска. Ако тоа почне да се губи по некое време, тоа може а и не мора да значи дека не ви е дојдено до врската и партнерот како некогаш. Во секој случај, потрудете се да организирате специјални вечери, излегувања, викенди и патувања, со или без повод, за да си покажувате колку си значите еден на друг“, советува Смит.

реклама

2027 година ќе им го ресетира животот на 5 хороскопски знаци

Read more

Како да го омекнете гравот и да го скратите времето на варење?

Read more

Европејците во фиоките чуваат богатство вредно 65 милијарди евра: 700 милиони стари уреди кријат вредни суровини

Read more

Зошто секогаш треба да имате супа од коска во замрзнувачот?

Read more

Љубов и секс

Како природно да го подобрите сексуалниот нагон?

Read more

Венера денеска влегува во Скорпија: Ја потпалува љубомората, ги враќа бившите

Read more

Голем љубовен хороскоп за септември: За кого Венера ги враќа бившите?

Read more

Дали не знаете да бидете сингл?

Read more

Магазин

  • play_arrow

Зошто секогаш треба да имате супа од коска во замрзнувачот?

Читај повеќе

Како природно да го подобрите сексуалниот нагон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Цени од минатиот век: Кој е најевтиниот град на Балканот?

Читај повеќе

Романска чорба со ќофтиња: Вистинско гурманско јадење

Читај повеќе

Како треба да изгледа вашата чинија ако сакате да слабеете?

Читај повеќе

2027 година ќе им го ресетира животот на 5 хороскопски знаци

Читај повеќе

Најраните знаци на деменција се покажуваат 15 години порано

Читај повеќе

Како да го омекнете гравот и да го скратите времето на варење?

Читај повеќе
  • play_arrow

Што е најдобро да појадувате за намалување на холестеролот?

Читај повеќе