Фрапантно: Директорка на основно во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја

Директорката на ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп побара да се исечат две стари дрвја за децата да не се лизнеле од лисјата, открива Зелена народна стража.

Едниот од двата јавора е веќе исечен, а граѓаните не дозволуваат да се исече и вториот.

„Директорката овој чин го смета за нешто убаво и дава бесмислени аргументи за негово отстранување. Доколку сте загрижени за здравјето на децата, тогаш фокусот треба да ви е на раззеленување на училиштето наместо на правење пустина. Воздухот доаѓа од дрвјата, а не од бетонот. Акутните респираторни инфекции се меѓу најчестите заболувања кај децата во Македонија, додека пневмонијата е меѓу водечките причини за смрт кај децата под 5 години на глобално ниво“, велат од Зелена народна стража.

Оттаму додаваат дека секоја година имаме зголемување на веќе страшните бројки на смртноста на децата и населението од загадениот воздух

„А, вие се дрзнувате да сечете здрави дрвја со кои пораснале повеќе генерации. Прилепчани и народот низ цела Македонија станува свесен - будно ги следиме и кажуваме СТОП на сите обиди за уништување на природата на своја волја, без логични аргументи и без експертско мислење.“

Против монструозната намера на директорката реагира и Левица преку своите советници во Општина Прилеп.

„Согласно член 2 од ПРАВИЛНИКОТ ЗА ВИСИНАТА НА ЦЕНАТА ЗА ШТЕТИ ВО ШУМА, донесен од МЗШВ, за противправно исечено стебло висината на цената на штетата за бесправно пресечен јавор изнесува 40.000,00 денари по м3 а вештото лице утврди дека овој јавор имал дрвна маса од 30 м3, што значи дека со сечење на овој јавор е предизвикана вкупна штета од 1.200.000,00 денари“, вцели советникот Жарко Стеваноски.

„Со еден потег, директорката на ООУ Кочо Рацин Прилеп ги пушти по вода сите изговори на кои се држеа градоначалникот, Комисијата за сечење дрва и комуналните инспектори. На потег е јавното обвинителство“, реагира Левица на изговорите на директорката за лисјата што паѓале од јаворот.

Тагови
реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

#мкфејл

Срамно однесување на камерман на женски фудбал

Read more

Фрапантно: Директорка на основно во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја

Read more

Шахтите ги избрусија, уште знамето остана да им пречи

Read more

Скопје во 1935 AI фејл

Read more

Магазин

Предмети што не треба да се мијат со топла вода: Може трајно да ги оштетите

Читај повеќе

Како да го подготвите вашето куче за долго патување?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Сингапурец украл милиони во биткоини, купувал вили и се расфрлал со луксуз по клубови

Читај повеќе

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Читај повеќе

Како да ги изберете најдобрите пиперки за ајвар? Обрнете внимание на 3 работи

Читај повеќе

Кои додатоци во кафето го забавуваат метаболизмот?

Читај повеќе

Една состојка помага оризот да не се лепи за тенџерето

Читај повеќе

Што ни се случува во мозокот по 10 минути бавно трчање?

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го носите телефонот во WC?

Читај повеќе