Оглас за вработување: Се бара фудбалер за минималец

Интересен оглас осамна на веб-страницата на Агенцијата за вработување и тоа од фудбалски клуб кој бара фудбалер.

Фото: ФК Тетекс Тетово

Есенскиот дел во македонскиот фудбал заврши. Всушност, има да се одигра уште еден одложен натпревар в петок. За тетовскиот второлигаш Тетекс паузата официјално започна, а започнаа и плановите за засилувања.

Од вторникот на веб-страницата на Агенцијата за вработување стои оглас на кој Тетекс вработува фудбалер на неопределено време со плата од 24.400 денари, односно минимална според законот.

Во денешна објава на Facebook од Тетекс потврдија дека се во процес на „ангажирање нови играчи кои ќе го засилат тимот“.

Тетекс сезонава се бори за опстанок во втората лига, откако по една сезона мината меѓу третолигашите експресно се врати. На полусезона има освоено 17 бодови и е на 11-тото место, кое води во бараж за испаѓање. Сезонава втората лига се крати и дури пет клубови ќе испаднат директно, а три ќе играат бараж.

Сите заинтересирани можат да се пријават, но побрзајте оти огласот завршува денеска (четврток).

реклама

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Read more

Вучиќ: Отидоа да се сончаат во Дубаи сега бараат виновници во нас кои им помагаме

Read more

Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

Read more

Финансиски хороскоп за март 2026: Кој знак ќе добие бонус?

Read more

#мкфејл

После ветрот кај Џевахир

Read more

Битолски, ама не баш битолски

Read more

Оглас за вработување: Се бара фудбалер за минималец

Read more

Сеир на денот: Груевски и Заев се караат преку статуси на Facebook

Read more
 

Магазин

Знаци во првите шест месеци од врската што покажуваат дека ќе трае долго

Знаци во првите 6 месеци од врската што покажуваат дека ќе трае долго

Читај повеќе

Фармацевтка предупредува за честа грешка што ја правиме со земањето витамини

Читај повеќе

Распоред на оброци: Кога да јадете во работниот ден за да немате пад на енергијата?

Читај повеќе

Во кој дел од годината мажите се најмногу плодни?

Читај повеќе

Кога е најдобро време за појадок ако имате висок крвен притисок?

Читај повеќе

Дали сојата е добра или лоша за вас?

Читај повеќе

Што му носи денешното затемнување на Крвавата Месечина на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Зошто жените над 40 години треба редовно да прават вежби за сила?

Читај повеќе

Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна во Македонија

Читај повеќе