Една состојка помага оризот да не се лепи за тенџерето

Варењето ориз на прв поглед изгледа едноставно, но многу луѓе откриваат дека по готвењето добиваат кашеста и леплива смеса наместо убаво дефинирани зрна. Ако сакате оризот да биде мек, но да не се лепи, има  едноставен трик што можете да го пробате.

Покрај точниот сооднос на вода и ориз, една состојка што често се користи во кујната е важна и може да помогне оризот да остане одвоен.

Пред да го готвите оризот, треба да обрнете внимание на количината на вода. Еден вообичаено користен сооднос е три чаши вода на една чаша ориз.

Ако додадете премногу вода, оризот може да стане кашест и да ја изгуби својата текстура. Од друга страна, премалку вода може да резултира со недоволно сварен ориз. Затоа е важно да се држите до соодветната мерка.

Еден од едноставните трикови за полабав ориз е да додадете неколку капки сок од лимон за време на готвењето.

Доволно е да додадете мала количина сок од лимон во тенџерето додека оризот се готви. Не треба да претерувате, бидејќи целта не е оризот да добие вкус на лимон, туку зрната да останат што е можно поодвоени.

По готвењето, оризот треба да биде мек и растресит, без да формира големи грутки и да се лепи на дното од тенџерето.

Овој трик е едноставен и не бара никакви посебни состојки или кулинарски вештини. Со соодветна количина вода и неколку капки сок од лимон, можете да добиете ориз кој ќе биде многу порасресит и погоден како прилог на различни јадења.

реклама

Рецепти

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Грашок на бугарски начин: Додадете јајце, готов е за 15 минути

Read more

Зошто лукот е омилен додаток во многу солени јадења?

Read more

Рецепт за најдобра коленица во сос од сенф

Read more

Магазин

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Читај повеќе

Рецепт за највкусната салата од зелка

Читај повеќе

„Тешко е да се живее со депресија“ – пациентите од Клиниката за психијатрија со пораки до јавноста

Читај повеќе

Дали јадењето моркови навистина може да ѝ даде сјај на кожата?

Читај повеќе

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Читај повеќе

Како да ја одвикнете мачката од гребење на мебелот: Неколку хумани и ефикасни методи

Читај повеќе

Кој стил на флерт најдобро функционира? Истражувањата откриваат што навистина ги привлекува мажите и жените

Читај повеќе

Најлесниот начин да ги организирате полиците за книги во вашиот дом

Читај повеќе

Грашок на бугарски начин: Додадете јајце, готов е за 15 минути

Читај повеќе